Словенија прва издаде одржлива обврзница меѓу земјите од Централна и Источна Европа, а втора меѓу земјите-членки на ЕУ, објави РТВ Словенија. Првата успешно издадена одржлива обврзница е со вредност од една милијарда евра.
Словенија прва издаде одржлива обврзница меѓу земјите од Централна и Источна Европа
Според Министерството за финансии на Словенија, средствата од емисијата на ова врвна трансакција се наменети за финансирање исклучиво одржливи проекти. Рочноста е 10 години, а приносот до достасување е 0,170 проценти.
Приливите од издадени одржливи обврзници се користат за финансирање на еколошки и социјални проекти и за промовирање и развој на домашниот и меѓународниот пазар за зелени, социјални и одржливи обврзници. Патем, тоа е финансиски инструмент што е ист како и другите државни обврзници.
Успешната трансакција, во која побарувачката надмина 8,4 милијарди евра, е доказ за силната доверба на институционалните инвеститори во Словенија, особено во нејзиниот фокус на природната средина и социјалната транзиција, смета Министерството. Интерес покажале повеќе од 210 инвеститори.
Обврзницата РС88 беше издадена со купон од 0,125 проценти со распон од седум основни поени над средниот курс. Приносот до достасување е 0,170 проценти.
Меѓу клиентите 47,4 проценти се од управителите на фондовите, осигурителните компании и пензиските фондови. Околу 35,3 проценти се банки, 7,8 отсто се претставници од фондовите со ризичен капитал и 7,5 отсто од централните банки и официјални институции.
Географски, 28,3 проценти се инвеститори од Германија, Австрија и Швајцарија. Околу 20 отсто доаѓаат од Велика Британија и Ирска,. Потоа, 11,9 отсто од Франција и земјите од Бенелукс, 11,6 отсто од Словенија. Другите се под 10 проценти. Односно со 9,2 отсто се од Скандинавија, 8,6 проценти од Италија. Додека, 5,9 проценти од останатите во Европа, 4,3 проценти од Пиринејскиот полуостров и 0,2 проценти од Блискиот исток.