Александар Kочовски е финансиски советник, бизнис консултант за мали и средни претпријатија и лиценциран брокер по осигурување и инвестирање и сертифициран тренер за личен и организациски развој во „Inge Rock Acamedy“.  Има одржано стотици работилници, предавања и семинари, од областа на бизнисот и претприемаштвото, со преку 500 луѓе. Денес, Александар Кочовски има сопствена компанија и работи за успешни компании од Македонија. Неговото искуство неретко несебично го споделува а социјалните медиуми каде споделува совети и искуства до оние кои го следат. 

Во неговото последно излагање, говореше за подемите и падовите во животот. На свои 19 години за прв пат прв пат започнал бизнис со поправка на телевизори во Тетово во време на војната. Со напредокот на технологијата, почнале да се појавуваат нови телевизори, а тој се уште трупал делови од старите со кои работел. Во 2004 година, вработените земале поголема плата од него, тој тонел во долгови и во 2005 година го затворил бизнисот. Причината за тоа била бидејќи луѓето барале да им се поправат телевизорите за најмногу 500 денари, со образложение дека ако поправката чини повеќе, поисплатливо им е да купат нов. Така и бизнисот пропаднал. 

„Откако најдов работа кај луѓе што соработував со нив, ги завршив сите академии на „Џенерал моторс“ во Германија, Белград и Софија. За три години станав менаџер и директор на постпродажба. Потоа,  завршив бизнис академија. Волонтирав со Нови Сад и Белград за развој на мали и средни претпријатија. Сакав да бидам консултант. Донесов одлука да работам консалтинг. Посетував многу обуки како можам да променам, навики и верувања бидејќи цело време имав подеми и падови. Постојано ме следеа финансиските проблеми“, вели Кочовски.  

Според него, мора да се признае дека постои проблемот во животот и да се направи промена. Се додека го игнорираме, од типот само уште ова и ќе се реши, нема да има подобрување. Бидејќи, прашање на момент е кога повторно може да се случи. 

„Има различни фондови и програми за избор на најдоброто решение за клиентите. Кога разговарам со луѓето правиме финансиска анализа, секој човек има кредит. Секој втор има кредит, секој седми човек има станбен кредит, секој четврти има потрошувачки кредит, не постои човек кој не користи кредитна картичка. Од друга страна, бизнисмените велат дека во Македонија нема работници. Размислувањата „од тој човек нема ефект, „џабе ќе ги трошиме парите“, верувајте, тоа се грешни верувања и нема ништо да постигнеме. Се додека сопственикот не сфати дека има верувања кои го кочат. Бидејќи, прво се менуваме ние, за подоцна бараме промена од вработените. Само пет минути се доволни за да знаеме дали може да се постигне промена“, вели Кочовски.  

Она што тој постојано им го предочува на неговите клиенти е дека финансиската слобода се доживува ако имаат јасен план за иднината. Но, и неколку други прашања. Дали имаат буџет за едикација на децата, во случај да останат без работа неколку месеци, дали имаат буџет за пензиски денови. Во случај ако одговорите на сите прашања се потврдни, тогаш луѓето се на добар пат за доживеат финансиска слобода. 

Вториот чекор за каква и да е промена - мора да ја разбереме ситуацијата. Тој бара клиентите сами да ги одговорат прашањата - како и кога го добиле одредено верување, навика и однесување? И како тоа влијаело на нивниот живот? 

„Мојот живот го променија само едно верување и две навики.Ако сакаме да заштедиме повеќе пари, да имаме поголема заработка, успех во кариерата и бизнисот и добро здравје, се додека не ги промениме ставовите, верувањата и навиките, прашање е кога повторно ќе дојдеме во истите проблеми, наместо да нижеме успех. Тоа е како дрво. Ако криво е засадено, нема да береш плодови“, советува Кочовски.  

Кочовски ја промовираше и новата програма „Мастер клас - Финансиски код“ на која заинтересираните можат да се пријават. Програмата низ девет модули треба да одговори на прашањата - дали сме програмирани на успех или на сиромаштија, како да ги промениме верувањата. Потоа, разработка на финансиски план, цели, репрограмирање на ограничувачки верувања, креирање на финансиски план, буџетирање и управување на пари, финансиски ризици и зголемување на финансиските приходи.