Американскиот пазар е „самодоволен“, што укажува на тоа дека огромен дел од американското производство го конусмира домашниот пазар и затоа американската монетарна политика не е многу загрижена за вредноста на доларот, кој одамна е оставен на слободниот пазар на пари. Тоа може да се потврди и со неговата ценовна осцилација која исто така е поволна за инвеститорите што ивестираат во курсните разлики на валутите. Кога е евтин доларот го купуваат, кога е поскап го продаваат. Единствен проблем е во тоа што осцилаторните периоди се многу долги, по неколку години, па парите на инвеститорите бавно се оплодуваат.
Но, освен таа американска самодоволност, Америка е и голем увозник на стоки на се и сешто и за високата индустрија и за широката потрошувачка, па недопирливата Америка има огромен негативен биланс во трговската размена.
Трговскиот дефицит во јануари оваа година бележи месечен раст за 34 насто, односно рекордни 131,4 милијарди долари, објави дановиве Канцеларијата за економска анализа (БЕА).
Агенцијата наведува дека процентуалната месечна промена е најголема од март 2015. година.
Вредноста на американскиот увоз на стоки и услуги во јануари месечно пораснал за 10 насто на 401,2 милијарди долари.
Увозот на стока пораснал за рекордни 12,3 проценти на рекордни 329,5 милијарди долари, поттикнат од зголемувањето на увозот на индустријските залихи и материјали за 23,1 милијарди долари, се наведува во извештајот.
Увозот на услуги пораснал за 0,4 милијарди долари на 71,7 милијарди долари, подржан од зголемувањето на надоместокот за користење на интелектуалната сопственост и на други деловни услуги.
Вкупната вредност на американскиот извоз на стоки и услуги пораснал за 1,2 насто на 269,8 милијарди долари, а само увозот на стока за 1,6 насто на 172,8 милијарди долари.
Македонскиот трговски дефицит изнесува околу 2,5 милијарди евра (најголем партнер во размената ни се земјите од европската унија). Македонскот трговски дефицит (биланс меѓу извозот и увозот) е економска ставка што никогаш не е намалена, туку постајано се зголемува, што ја покажува нашата (не)конкурентност на светскиот пазар. Откако знаеме за себе в уши ни звучи флоскулата „странски директни инвестиции“ со голема надеж дека тие ќе го повчечат нашиот развој и ние ќе станеме голема извозна сила и најбогата земја, ако не пошироко, барем во регионов. Никој не го поставува трговскиот дефицит како проблем. А пробелмот е присутен од осамостојувањето досега и се гледа во тоа што курсот на денарот се држи вештачки.
Порано имаше една иницијатива со наслов „да купуваме домашни производи“ во која верувавме дека ќе го анимира домашното производство, иако таа идеја беше протекционистичка и не беше во согласност со нашите договори за слободна трговска размена, а потоа и со европските принципи на отворен пазар и конкурнција. Но трговскиот дефицит и тоаш не се намали.
Попусти се сите мерки за намалување на цените во функција на зголемување на животниот стандард, затоа што земјава е увозно зависна. Тие мерки се само „козметика“ на краток рок, но економските непишани закони и искуството предупредуваат на тоа дека на долг рок последиците ќе бидат катастрофални, односно дека инфлацијата неминовно ќе си го наплати тоа што го „изгубила“ во реме на административниот период.
Како што се гледа од извештајот на БЕА за американскиот трговски дефицит, огромни суми се покриваат од инетелектуалниот извоз на правата на интелектуална сопственост. Таквата „стока“, иако е условно речено нематеријална, на Америка и носи огромен паричен прилив и тоа во долари. Светот е преплавен со изоз на американски производи од таа сфера, од забавна музика до софтвефски изуми, дигитални платформи, филмска продукција и слично.
Освен огромниот македонски трговски дефицит и надворешниот долг околу 9 милијади долари ја прави сликата на државата можне сива и неинтересна ниту за инвестирање, ниту за живеење. Што се однесува до тешката индустрија со инвестиции од домашни инвеститори, тука сме на дното, но дека можеме да направиме некаков скок во извозот на интелектуалната сопственост - можеме, под услов сета наша памет да се врати од белиот свет и по нешто да инвестира од нејзиното знаење и искуство. Но, таквата политика на оваа држава е на предисториско ниво, тоа ја прави примитвна во однос на трговскиот разгој со светот, што значи дека се темели на основна трговија: купи-продај, или „купи – ден помини“. Инвестициите од државниот буџет во науката никој не ги спомнува. Дали некогаш сте слушнале во собранието ова прашање да било поставено на дневниот ред? А сите познавачи на глобалните светски движења ќе ви кажат дека војните со тешкото оружје се ништо во однос на војната со изумите во елктрониката, во чиповите, во вселенските истражувања, во вештачката интелигенција што имааат далечна цел да ја освојат и вселената.