Со Voltempо полначот батеријата за ЕВ возилата полна за шест минути. Електронските возила од новата генерација ќе ја полнат батеријата за многу кратко време. Водечкиот производител на нова технологија за електрични возила, британскиот Voltempо, неодамна го претстави системот за брзо полнење на батериите за електрични возила што може да испорача 1.000 kW моќност или 2,8 пати повеќе од кој било споредлив систем за полнење, односно полнач.

Првата јавна инсталација на оваа технолошки напредна верзија на полначот започнува во март, во англискиот град Бирмингем.

Со Voltempо полначот батеријата за ЕВ возилата  полна за шест минути

HyperCharging е дизајниран за иднината и следната генерација на електрични возила ќе може да се полнат за само шест минути, пишува Traffictehnologytoday.com. И тоа не е се, ќе може да наполни 24 возила во исто време.

За сите љубители на електрични автомобили, ова е одлична вест која ќе промени многу во автомобилската индустрија. Имено, оваа технологија ќе го олесни преминот од масовниот пазар на класични автомобили кон е-возила, што ќе придонесе и за помали емисии на јаглерод.

HyperCharging е дизајниран за потребите на различни станици, како и возни паркови, погоден е за автомобили, комбиња, камиони и автобуси. Полнењето може да се врши од повеќе извори, на пример со комбинирање на електричната мрежа со локални извори на зелена енергија, како што е сончевата енергија, и користење на батерија за складирање на енергија.

Овој револуционерен пресврт во брзината на полнење гориво на е-возилата ќе им овозможи на бензинските пумпи ширум светот да станат главни точки за полнење гориво. Системот HyperCharging може да се инсталира насекаде - особено на локации каде што треба да се полнат повеќе возила во исто време.

Модуларниот систем на оваа технологија овозможува да се инсталира 70 проценти побрзо од другите системи за полнење - за неколку часа или денови, а не за месеци. Трошоците за инсталација обично се за 30 проценти помали, поради патентираниот дизајн за централизирано полнење на Voltempo.

Извршниот директор на Voltempo рече дека новиот систем за брзо полнење ќе овозможи е-возилата значително помалку да се задржуваат на местата предвидени за тоа. Исто така со оваа нова технологија покажале дека во иднина на овој тип на возила ќе им треба исто време да се наполни како што им е потребно на возилата со бензин или дизел денес.

Со оглед на тоа дека батериите ќе се полнат се побрзо, прашањето што се поставува е колку долго ќе траат.

„Батеријата не може веднаш да се наполни ако е загреана, и треба да се почека, така што полнењето на батеријата на електричното возило е сепак побавен процес, многу побавен од полнењето гориво“, објаснуваат од компанијата.

Напредокот на новите технологии секако ќе го промени тоа, бидејќи од полнење на батериите за неколку часа дојдовме чекор поблиску до полнење за шест минути.