Амбицијата своевремено доаѓаше со ветување за сопствен дом, добра плата, напредување и лично исполнување. Што се случува кога тоа ветување е прекршено?

„Членовите на генерацијата Z се навистина вредни, особено на работното место“, изјави неодамна оскаровката Џоди Фостер во интервју за „Гардијан“. „Од нив често може да слушнете дека не се расположени да дојдат во канцеларија наутро, да се видиме попладне или утре. Коментарот, се разбира, наиде на критики на мрежата Х (Твитер). Еден корисник коментираше: „61-годишната Џоди Фостер е дел од генерацијата која создаде и остави свет толку лош за генерацијата Z што тие се крајно згрозени и со добра причина“.
За пристапот кон работата на генерацијата Z нашироко се дискутира во медиумите, со општ консензус дека им недостасува работна етика и амбиција, дека се мрзливи и се жалат на се. Во одбрана на своите врсници, 27-годишниот ТикТокер, Роби Скот во видеото вели: „На Gen-Z и на милениумците не им недостасува работна етика. Етиката му недостига на капитализмот во доцна фаза. Остануваме на училиште. Одиме на факултет. Работиме од својата петнаесета или шеснаесета година, правиме се што ни рековте, за да можеме што? Да во своите доцни дваесетти сè уште живееме во детските соби, во домовите на нашите родители?
Истражувањето на real estate компанијата Редфин покажа дека секој петти млад закупец на недвижности мисли дека никогаш нема да може да поседува дом, а мнозинството ги наведуваат високите цени како најголема пречка, па така стан во нивна сопственост за нив е чист, такаречи недостижен луксуз.
Значи, притисокот напорно да работат младите сè уште постои, но на крајот од лавиринтот нема повеќе примамлива награда (така да се каже, нема сирење во стапицата за глувци). Според нивното мислење (и искуство) напорната работа само го зајакнува системот кој, во најдобар случај, не им дава ништо за возврат, а во најлош случај, активно ги зезнува. И така е родена револуцијата на „мекиот живот“- каде веќе не е приоритет да работите до исцрпеност за да бидеш #girlboss или да можеш да се „наслониш“ на корпоративниот машки свет, како што вели таа во својата книга Lean In : Women, Work, and the Will to Lead ја опишала поранешната извршна директорка на Фејсбук Шерил Сандберг. Затоа тие, се почесто, избираат т.н мек живот.
Што всушност е „мек живот“?
Soft Life е тренд на TikTok, главно меѓу членовите на помладите генерации, кои ги напуштиле своите стресни корпоративни работни места во корист на побавен и полесен живот. За некои, ова значи целосно откажување од напредувањето во кариерата и амбициите, и наместо тоа избираат да работат со скратено работно време и се занимаваат со своите хоби.
За други, тоа значи наоѓање работни места кои овозможуваат работа од далечина и флексибилност, добри бенефиции и подобар баланс помеѓу работата и животот. Накратко, целта е да имате повеќе време и енергија за она што ве прави среќни и помалку време и да се фокусирате на она што не ве прави. Така да се каже, канцелариската верзија на „само нежно спрема себе“.
На прв поглед, овој нов, популарен тренд може да изгледа како едноставен избор на начин на живот за луѓето кои сакаат да живеат поудобно и да уживаат во пофините работи. Но, гледајќи подлабоко, брзо станува јасно дека има многу повеќе од само раскошно живеење.
Три совети за да живеете мек живот
1. Дајте приоритет на вашето ментално и емоционално здравје. Физичката грижа за себе е важна, но исто толку е важно да спиете доволно, да јадете правилно и да одвојувате време за да се опуштите.
2. Забавете и уживајте во сегашниот момент. Со успорување и одвојување време за да уживате во моментот, можете поцелосно да уживате во животот, што е клучно за да живеете мек живот.
3. Опкружете се со позитивни луѓе кои ве поддржуваат. Имањето силна мрежа за поддршка од пријатели и членови на семејството може да ви помогне да останете центрирани и фокусирани на вашите цели.
Случајот Габриела Џаџ
Во видеото кое стана вирално минатата година, 26-годишната ТикТокерка, Габриел Џаџ ја нарече „работа за мрзливи девојки“ (lazy girl jobs). Во прашање се работни места кои го отфрлаат т.н hustle curtule, која долго време ја величеше поп-културата, и позиции на коишто не се очекува постојано да работите прекувремено додека не доживеете исцрпеност.(burnout). Џаџ овој концепт го базира на лично искуство. Дипломирала компјутерски науки во 2019 година и се вработила во технолошка компанија. Две исцрпувачки години подоцна, таа добила покачување од 10.000 долари годишно. На прв поглед, убава сума - додека не ја анализирала. „Со данокот практично тоа биле само пет илјади долари годишно за 60 часа неделно“.Додека со вклучена инфлација, технички тоа било намалување на платата“.
Во еден момент отишла на боледување и повеќе не се вратила на старата работа. Се пријавила за почетна позиција за поддршка на корисници за платформа за градење веб-страници. „Не ја користев мојата диплома, но сè уште ги плаќав сметките и ми беше удобно и тогаш доживеав просветлување “. Така почна да ми се формира поимот: lazy girl job - работа која е обично помалку стресна, целосно оддалечена од канцеларија и со доволна плата за да си ги дозволам најпотребните работи“.
Џаџ оттогаш изгради огромна публика и повеќе од 400.000 следбеници на различни платформи, заедница на луѓе кои ги споделуваат своите приказни за тоа како работат цело време и за возврат им се заканува отпуштање и вештачка интелигенција кои доаѓа на нивно место. Таа сега се залага за четиридневна работна недела и ставање приоритет на сопственото здравје и благосостојба.
Реалноста на патријархатот
Подемот на мекиот животен стил (soft life stila) има многу врска со актуелната економска и политичка клима - од времето на администрацијата на Трамп. Голем дел од наивниот оптимизам што помогна да се доведат движења како гореспоменатото потпирање на машкиот корпоративен свет беше соочен со разорната реалност на патријархатот.
И да се каже на жените само да работат повеќе за да станат еднакви со мажите се покажа како чиста заблуда кога, 10 години по книгата на Сандберг, во Америка разликата во платата помеѓу маж и жена на иста позиција е 16 проценти. Како што рече Мишел Обама: „Не е секогаш доволно да се потпреме, бидејќи тоа ср*** не функционира цело време“.
Ако овој текст го читате ова на кратка пауза во канцеларијата, долго откако ќе заврши вашето работно време, а пораките и барањата продолжуваат да доаѓаат, можеби не е лоша идеја да размислите да го прифатите „мекиот живот“. Затоа што како што вели поетесата и феминистка Одри Лорд во нејзината книга „Burst of Light: „Грижата за себе не е самозадоволување, тоа е самоодржување, тоа е чин на борба против системот“.