„Со спортски речник, пред четири години, бевме многу загреани, амбицонзни кандидати кои стоеја и навиваа таму во рингот негде, а сите трчаа маратон. Знаевме се’ теортерски што треба да правиме, но немавме храброст да влеземе во рингот. Сега влеговме во рингот. Сега сме на 14-тиот километар. Тие што трчаат, знаат што значи тоа. Тоа е моментот кога почнуваат изненадувањата, малку грчеви и криза, но, насмени лица кои ве бодрат и ви пука адреналин. А ако имате среќа ќе ви понудат малку вода или лимонада. Тоа е моментот кога знаете дека сте во игра, во рингот и нема назад, дека сте битни“, вели генералниот менаџер на „Сеавус акцелераторот“, Весна Иваноска.

Весна Иваноска - „Сеавус акцелератор“

 

Иваноска беше дел од вчерашниот „Прв национален стартап самит“, каде со дузина македонски компании и стартапи. Таа говореше на темата „Македонски стартап еко систем – каде сме и каде сакаме да бидеме“, споделувајќи ја приказната за „Сеавус акцелераторот“. За алцелераторот вели дека започнал како „сонувач“. За потоа, со заокружувањето на битни регионални и меѓународни партнерства како и аквизицијата во рамките на чешката „Арикома груп“ да се заокружи триумфот.

„ Фокусот треба да го ставиме на ивнестициската активност. Не само присуството на фактичката односно присуството на инвестициски фондови, туку и размрдување на бизнис ангелите. Мислам дека и менталитетно прашање е колку повеќе гледаме вакви трансакции толку повеќе ќе се навикнеме. Ако ја продадете компанијата, не значи дека сте болен или сте во криза.  Туку дека тоа е нормална активност која е насочена кон поголем раст или кон достигнување ново ниво. Мислам дека уште тоа ни е таму тема“ смета Иваноска.  

Иваноска беше дел од „Првиот национален стартап самит“

Таа се осврна и на прашањето за разликите во програмите и динамиката во изминатите неколку години и сега. Според неа, битно е што со менувањето на програмите, еволуирало и размислувањето. Напоменува дека исклучително важно во процесот на растењето на „Сеавус акцелераторот“ беа честите контакти со странските акцелератори од Европа. Како генерално правило за кое верува дека ќе се развива во иднина е програмите од општи, да еволуираат кон потесно специјализирани.

„Сега ние работиме и ги утврдуваме вертикалите што не интересираат. Не е доволно да кажеме дека сме технолошки ориентиран стартап денеска. Денеска е потребно точно да утврдите која вертикала сте, која фаза кои се менторите кои ви се потребни. Тоа е првата работа која ќе ја смениме. Кај бизнис моделот имаме уште многу што да учиме. Бидејќи самоодржливоста на акцеларотирте доаѓа веројатно после 5-6 години. Ке имаме новости и на тој план. И трета работа - можеби е грешка и мисперцепија на почеток дека тргнавме од претпоставката дека старт ап компаниите се финансиски писмени и главниот предизвик ќе биде технолошкото решение а не креирањето на финансиска стратегија, разгледувањето на инструменти за финансирање и развојот на тимот. Во бизнисот треба многу повеќе од тоа“, смета Иваноска.  

Како што рече, една од заложбите ќе биде холистички пристап за развој на тимот, за кој многумина инвеститори го сметаат како најважен во процес на еволуација. Повеќе коучинг, повеќе развој на самиот тим, а не само фокус на техничкото решение. Нејзина оцена е дека сонот за С Македонија да стане стартап нација е страшко прашање и одлука на државата. За да се дојде до тоа, вели дека треба повеќе работа.