Лавиринтот отсекогаш бил фасцинантен феномен за човечката цивилизација. Покрај митови, легенди, бајки и филмови, различни форми - можеме да најдеме на многу места во светот. Токму во Баточина, срцето на Шумадија се наоѓа најголемиот лавиринт на европскиот континент. 

„Лавиринт Бора“ во Баточина е прецизно архитектонски конструиран. Комплексот се протега на 7.000 метри квадратни, има три патеки со вкупна должина од 3,5 километри. Во кругот на лавиринтот се наоѓа и најголемиот трамболина парк во Србија и ргионот со 192 трамболини и игри од бајките. Лавиринтот е во централниот дел  на забавниот комплекс. Во паркот е сместена и централна набљудувачница висока 10 метри и уште шест помошни. Времето на минување, односно излегување од лавиринтот зависи од личноста.

„Површината на лавиринтот е голема, децата се снаоѓаат подобро од возрасните и им треба помалку време, претпоставувам дека се темпераментни, весели, љубопитни. На децата им треба околу половина час да поминат низ лавиринтот, а на возрасните од 45 минути до еден час. Возрасните уживаат да поминуваат низ лавиринтот и попатно да се фотографираат.

Оставаме на посетителите сами да одлучат со кое темпо ќе се движат. Имаат прва помош, карти, ако сакаат можат да ги фотографираат мапите, и да одлучат со кое темпо ќе се движат. Секогаш можат да ги прашаат нашите помошници кои шетаат низ лавиринтот... на крајот, доколку навистина сакаат да излезат, на кулата секогаш има стражар“, вели Марина Богдановиќ, директорка на лавиринтот Бора во Баточина.

Лавиринтот ги привлекува посетителите со авантуристички дух, има свој алгоритам, а излезот од него успеваат да го најдат само оние кои сакаат да го сфатат, имаат трпение и концентрација.

„На работниците во лавиринтот им треба еден месец да се навикнат на патеката, под услов да знаат и да ги води некој што ја знае патеката, иако немаат смисла за алгоритмот. Тој технички постои, но ние немаме чувство за алгоритмот“, опишува  Марина Богдановиќ, директорка на „Лавиринтот Бора“ во Баточина.Инаку овој лавиринт  го засенува со својата површина и најстариот лондонски лавиринт.

 Најстариот лавиринт е врежан на камениот брег на реката Пансаимол во индиската држава Гоја. Симболите на лавиринтот се наоѓаат и во уметноста на старите Грци, во христијанството и во готскиот период и имаат посебно значење. Денес лавиринтите се градат за забава, како Бора во Баточина.