Србија има најголем раст на платите во светот во првите пет месеци од 2023 година , според податоците од World of Stastistics којшто денеска ја објави листата на држави со  најголеми зголемувања на платите од  декември минатата година. На прво место на листата со раст од 15,2 отсто се наоѓа Република Србија. Зад неа во Топ пет држави според порастот на нето платите, на светско ниво, на второ место на  е рангирана  Босна и Херцеговина со пораст од 14,86 отсто, на трето место е Португалија со 14,2 отсто, потоа следи Белорусија со 13, 2 отсто, па Романија со 13 процентно зголемување на платите.

Понатаму следат Полска, Хрватска, Словенија, Белгија, Естонија, Аргентина и други. Македонија, на листата на World of Statistics, е во долната „црвена зона“помеѓу државите со негативен пораст на платите со намалување на просечната плата во последните пет месеци од -2,8 отсто.

Светот на статистиката е глобална мрежа од речиси 2.360 организации ширум светот  Организациите кои учествуваат во Светот на статистиката вклучуваат национални и меѓународни професионални статистички друштва, колеџи и универзитети, основни и средни училишта, бизниси, владини статистички агенции и истражувачки институти во 131 земја низ целиот свет.

Србите според најавите на нивниот претседател очекуваат до крајот на годината просечната плата да биде 837 евра, во 2024 година 930 евра, во 2025 година 1025 евра, а во 2025 година 1124 евра.

Според реномираниот сајт за статистика и аналитика, Trading Economics, пак, Србија со своите 15, 2 проценти се наоѓа на второ место на листата држави со најголем раст на плати во светот, веднаш зад Украина, која бележи највисок пораст на плати за првиот квартал од годинава, во однос на лани, со дури 18,6 процентно покачување.