Штаермеркише Шпаркасе Групацијата лани со охрабрувачки стапки на раст. Задоволителна деловна година со оглед на вонредните услови за работа, е заклучокот за годишниот резултат за 2020 година на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, што го објави во денешното соопштение.

Главните акценти на финансиските резултати објавени во соопштението:

► Солидeн оперативeн резултат од 205 милиони евра

► Резултат за периодот после оданочување од 80 милиони евра

► Многу добри стапки на раст:


  • Раст на кредитите од 4,4 отсто

  • Раст на депозитите од 11,3 отсто

  • Раст на вкупниот Биланс на состојба од 7,8 отсто


► Одлична капитална основа – стапка на адекватност на капиталот од 21,3 проценти

► Спојување на Bankhaus Krentschker: проширување на банкарството за физички лица

 

„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде луѓето беа особено погодени од кризата. Во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти прилагодени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати.

Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме “, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

Резултат за периодот по оданочување 80 милиони евра


Профитот за периодот по оданочувањето во 2020 година изнесува 80 милиони евра. Тоа претставува пад за 59 отсто во споредба со претходната година. Како резултат на пандемијата, најголемите фактори кои влијаеа беа: повисоките провизии за ризиците, проценети резултати на малцинските сопствености и намалените заработки од подружничките банки.

Вкупните средства на Групацијата се искачија на 18.5 милијарди евра. Како матична компанија, Штаермеркише Шпаркасе, со вкупна актива од 16.5 милијарди евра, како и претходните години, има најголем удел во вкупната актива на Групацијата.

Оперативниот резултат изнесува 205 милиони евра. Во 2020, основната стапка на капитал во Групацијата се зголеми на 19.5 отсто и коефициентот на адекватност на капиталот се зголеми на 21.3 отсто. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе делува на високо меѓународно ниво. Капиталот на Групацијата изнесува 1.8 милијарди евра на крајот на 2020 година, што претставува зголемување во споредба со 2019 година.

Сите три деловни области - физички лица, комерцијалното банкарство и меѓународните трансакции, постигнаа позитивни и задоволителни резултати. И покрај условите полни со предизвици како резултат на пандемијата, Штаермеркише Шпаркасе ги опслужуваше своите клиенти како сигурен финансиски партнер, дигитално и преку локалните региони.

Извонредно зголемување на бројот на нови клиенти во година со предизвици


Штаермеркише Шпаркасе Групацијата лани со охрабрувачки стапки на раст.

 

 

 

Во 2020 година, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата започна да опслужува над 800.000 клиенти за прв пат. Со тоа докажа дека е сигурен, стабилен партнер во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и Северна Македонија. Само во Штаерска, во 2020 година, добивме над 26.000 нови клиенти. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучувајќи ги Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) опслужува вкупно 2,6 милиони клиенти.

Состојби со ризиците во однос на КОВИД-19


Во 2020 година, ситуацијата со ризиците беше под значително влијание на КОВИД-19 кризата. На крајот на годината, состојбата ескалираше зависно од времетраењето и бројот на забрани во движењето, како и појавата на нови мутации на вирусот. Земајќи ја во предвид неизвесноста на ситуацијата, беа формирани резервации за ризиците во износ од 82,4 милиони евра.

NPЕ стапката (Коефициентот на вкупната изложеност на нефункционални кредити) изнесува 1,98 отсто. Тоа е сè уште на компаративно добро ниво. Меѓу другото, ова беше овозможено и со помош на ослободувањата од страна на државата. Коефициентот на покриеност на нефункционалните кредити - NPL стапката (резервации за ризик како процент на побарувања од клиентите) изнесува 77,62 отсто, што претставува јасно зголемување. Ова значи дека Штаермеркише Шпаркасе е добро подготвена за да се соочи со предизвиците во следните години. Во 2020 година, како и во претходните години, капацитетот на Групацијата за справување со ризиците беше повеќе од соодветен.

Австрија: 7,5 милијарди евра во корпоративно финансирање – раст од шест проценти


Штаермеркише Шпаркасе беше добро подготвена за да ги надмине големите предизвици на пандемијата, вклучително како партнер на економијата во Штаерска. Нашата подготвеност да им ја обезбедиме на нашите клиенти потребната ликвидност дури и при првото ограничување на движењето ни помогна да постигнеме нов обем на инвестициски кредити во износ од над 1.350 милиони евра. Преку целата фискална 2020 година, на компаниите од Штаерска им беа доделени повисоки лимити, одложувања и рефинансирања поврзани со КОВИД-19 во износ од над 500 милиони евра.

Инвестициското финансирање кое не е поврзано со КОВИД-19, изнесуваше преку 963 милиони евра, што покажува дека нашите клиенти и Штаермеркише Шпаркасе како нивен финансиски партнер веруваат дека ќе има економски пресврт, започнувајќи од вториот квартал од 2021 година и дека треба да бидеме подготвени за тоа.

Севкупно гледано, краткотрајните кредити и инвестициите во економскиот развој доведоа до надпросечен раст на финансирањето на компаниите од шест отсто. Одобрени се вкупно 1.615 грантови за мали и средни компании. Додека и обемот на финансирање на субвенционираните кредит е за 160 отсто поголем од ланскиот.

За среќа, успеавме да придобиеме скоро 2.000 нови корпоративни клиенти во ова тешко опкружување, и Штаермеркише Шпаркасе сега опслужува скоро 30.000 компании: од кои повеќе од половина се мали и средни претпријатија од областа Штаерска.

Австрија: Зголемување на работењето со физички лица


Во делот на финансирање на физичките лица, Штаермеркише Шпаркасе забележа финансиски обем на рефинансирање од 654 милиони евра. Тоа е за околу 80 милиони евра повеќе од 2019  година

Во 2020 година, штедните влогови во Групацијата исто така се развија позитивно и се зголемија за 250 милиони евра до скоро 7,4 милијарди евра. И покрај пониските камати, тие сепак се многу популарни и претставуваат сигурност и брза достапност.

Освен тоа, беа склучени повеќе од 21.500 нови кредитни договори за градење и над 5.000 нови финансиски планови беа склучени во текот на изминатата година. Со над 11.000 нови договори за осигурување и производна вредност од околу 285 милиони евра, деловите за премии, несреќи и ризици беа добро покриени. Како и во претходната година, барањата на клиентите беа доста насочени кон пензиско осигурување и осигурување од несреќи. Со извонреден раст уште еднаш во областа неживотно осигурување, како осигурување на домаќинства, имот и здравствено осигурување, Штаермеркише Шпаркасе исто така, е сеопфатен партнер за своите клиенти и во оваа област.

И покрај политиката „без провизии“ на централните банки и турбуленциите на глобалните берзи предизвикани од корона вирусот, 2020 година беше добра година за хартиите од вредност. Резултатите од провизиите за хартии од вредност се искачија на 33 милиони евра, а обемот на сметки на клиенти за хартии од вредност управувани од Штаермеркише Шпаркасе изнесува околу 3.9 милијарди евра. Ова ја потврдува довербата на нашите клиенти и во делот на консултантските услуги на Штаермеркише Шпаркасе.

Над 23.000 нови трансакциски сметки ја истакнуваат важноста на регионалната банка за платежни трансакции во регионот.

Со продажба на околу 7.000 кредитни картички, се проширија плаќањата со бесконтактните и безготовински плаќања. Со скоро 70 отсто корисници на „George“, Штаермеркише Шпаркасе уште еднаш покажа дека има јасно поставен правец кон иновативно лидерство коешто е поставено со нашиот систем за интернет банкарство „George“

Југоисточна Европа: КОВИД-19 влијае врз резултатот во ЈИЕ


Земјите во Југоисточна Европа беа исто така силно погодени од пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и текот на нивното делување беше под нејзино силно влијание. Како мерка на претпазливост за можни економски последици, беа значително зголемени вредносните во кредитирањето кај странските инвестиции. Шпаркасе Банка Македонија генерираше добивка од 4,6 милиони евра, која беше значително над планираните резултати.

Стапка на поврат на капиталот (ROE) изнесува 9,8 отсто, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 56 отсто. Прилагодувањата на повисоката вредност беа неутрализирани со решавање на поголеми проблеми.

Дополнителните трошоци кои настанаа како резултат на подготовките за спојувањето со Охридска банка и преземањето мерки во врска со КОВИД-19 беа неутрализирани со заштеди кај материјалните трошоци.

Потрошувачките кредити растеа со стапка од 10,1 отсто. А, депозитите на клиентите со стапка од 3,2 проценти.

Охридска банка во Северна Македонија, која беше преземена во ноември 2019 година, генерираше добивка од 4,8 милиони евра, што е помалку од планираното. Стапка на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 6,4 отсто, а коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) беше намален на посакуваните 49,4 отсто. Како резултат на КОВИД-19, приходите останаа пониски од планираните и не можеа да се надоместат со заштеди кај материјалните трошоци. Потрошувачките кредити растеа со стапка 6,4 отсто, а депозитите на клиентите со 1,6 отсто. Проектот за спојување на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка продолжува и покрај влијанието на КОВИД-19. Спојувањето се очекува да биде завршено во 2021 година.

Шпаркасе Банка Босна и Херцеговина генерираше добивка од 5,3 милиони евра - значително помалку од резултатот во минатата година. Како резултат на пониските каматни стапки и поголемите прилагодувања на вредностите. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,5 проценти. Додека коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) 61,9 отсто. Вкупниот биланс на состојба е зголемен за 8,5 проценти на 878 милиони евра. Споредено со претходната година, потрошувачките кредити успешно се зголемени за 6,4 проценти. А, депозитите на клиентите за 10,9 отсто во претходната финансиска година.

Ерсте и Штаермеркише Банка во Хрватска генерираше подгрупациски резултат од 61 милиони евра, што е помалку од планираното. Поради пандемијата и нејзиниот удар врз хрватската економија (особено врз туризмот), резервите за ризик и приходите можеа само делумно да се компензираат со заштеди кај трошоците. Потрошувачките кредити се зголемија за 8,2 отсто. А, депозитите на клиентите за 15,4 проценти, споредбено со претходната година. Вкупниот биланс на состојба изнесуваше 10,9 милијарди евра (+ 10 отсто). Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,6 отсто со стапка на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 53,7 проценти.

Ерсте Банка во Србија генерираше резултат за периодот од 11,8 милиони евра, што претставува надминување од 4,6 милиони евра над буџетот. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 4,3 отсто. Стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) е 67,2 отсто. Поради ефектите од КОВИД-19, Ерсте банка мораше да направи поголеми прилагодувања на вредностите отколку предвидените во буџетот. Добредојденото надминување беше постигнато со строго управување со административните трошоци. Растот на потрошувачките кредити изнесуваше 16,8 проценти и депозитите на клиентите од 38,3 отсто. Вкупниот биланс на состојба значително беше зголемен за 23,7 отсто и изнесуваше 2,6 милијарди евра.

Ерсте Банка во Црна Гора генерираше годишни резултати од 5,1 милиони евра, што е значително помалку од планираното. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 5,5 проценти. Додека стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 58,1 отсто. Растот на кредитите изнесуваше 9,9 отсто во однос на претходната година. Депозитите на клиентите се зголемија за три проценти.

Банка Шпаркасе во Словенија генерираше периодичен резултат од три милиони евра, што е малку под буџетот. Поради КОВИД-19, растот на кредитите беше послаб од очекуваното. Но, сепак потрошувачките кредити се зголемија за 3,1 отсто. Додека депозитите на клиентите се зголемија за 6,1 процент во споредба со претходната година. Стапката на поврат на капиталот (ROE) изнесуваше 2,5 отсто. Додека стапката на коефициентот на сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) изнесува 69,4 отсто.

Компаниите за лизинг на возила во Југоисточна Европа финансираа подвижни средства и моторни возила и моментално управуваат со вкупна изложеност од 695 милиони евра. Поради КОВИД-19, се направени поголеми прилагодувања на вредностите отколку што беше буџетирано.  Добивката по оданочување изнесуваше 5,7 милиони евра – помалку од планираниот резултат. Резултатите од стратешкото учество на проширениот домашен пазар ја потврдуваат стабилноста и долгорочната деловна стратегија на Штаермеркише Шпаркасе.

Вработени и локации


На крајот на 2020 година, во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата работеа 3.044 вработени на 254 локации во Штаерска, Виена, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Бројот на вработени во Штаермеркише Шпаркасе Групацијата (вклучително Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора) изнесуваше 8.887* на 503 локации.

Австриски пазар во 2020 година и очекувања за 2021 година


Минатата година беше екстремно предизвикувачка година ширум светот во однос на здравствената и економската криза. На кривата на економскиот развој, реалниот БДП тонеше во текот на целата 2020 година се до 7,5 отсто, и падна посилно отколку после финансиската криза (-3.8 отсто) во 2009 година.

Ограничувањата коишто беа воведени за спречување на пандемијата силно влијаеја на австрискиот пазар на трудот.

Во 2020 година, во Австрија имаше 3,7 милиони вработени лица кои заработувале или примале плата, што е за 1,4 отсто (53.000 луѓе) помалку од претходната година. Околу 521.000 лица беа регистрирани како невработени или лица на обука, што претставува зголемување за 113.000 (27,7 отсто) повеќе лица во Австрија отколку на крајот на 2019 година- тогаш се уште не беше зафатена од корона вирусот. Стапката на невработеност во Австрија (како што е дефинирана од страна на Еуростат) изнесуваше 5,3 отсто во годишниот просек за 2020 година (заклучно со декември 2020 година) и остана под референтната вредност на Европската унија (7,1 отсто).

Економистите претпоставуваат дека економските перформанси значително ќе закрепнат во 2021 година, но неизвесноста е се уште присутна. При сценарио без дополнителни затворања на границите и предупредувања за патувања, кои значително го ограничуваат туризмот и надворешната трговија и во кое корпоративните и економските активности се враќаат во нормала со вакциналното покривање на населението, економијата може повторно да порасне од 3,1 до 4,5 проценти во 2021 година.

Аналитичарите исто така предвидуваат економско закрепнување во 2022 година (БДП до + 3,8 проценти). Ризиците за сегашните економски прогнози сепак мора да се класифицираат како многу високи. Тие вклучуваат зголемен ризик (понатамошното ширење на корона вирусот во комбинација со дополнителни ограничувања во движењето) и можно зголемување на ризикот (постапката за вакцинација што сега се спроведува кај популацијата).

Меѓународните проблематични точки сепак ја вклучуваат неизвесната трговска политика на САД после претседателските избори и ефектите врз европската економија по BREXIT.

Австрискиот институт за економски истражувања (WIFO) и Институтот за напредни студии (IHS) предвидуваат стапка на инфлација за 2021 година не повеќе од 1,6 проценти. Тоа е сè уште под зададената цел на ЕЦБ од нешто помалку од два проценти.

Според IHS, стапката на инфлација во 2022 година може да се искачи до 1,9 отсто. Не се очекува крајот на фазата на ниски каматни стапки во Евро-зоната. Бидејќи ЕЦБ може да продолжи да гледа на тоа како на значителен износ на поддршка преку монетарната политика, доколку е потребно.

За Групацијата


Групацијата Штаермеркише Шпаркасе е најголем провајдер на финансиски услуги во Јужна Австрија. Со 3.044 вработени опслужува 801.030 клиенти на 254 локации во Штаерска и во Југоисточна Европа. Пазарното учество на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе во Штаерска изнесува околу 34 отсто во сегментот на работење со физички лица и околу 39 проценти во сегментот на правни лица. Со 8.887 вработени кои работат во Групацијата Штаермеркише Шпаркасе се опслужуваат околу 2,6 милиони клиенти на 503 локации. „Шпаркасе“ или „штедна банка“ значи економски успешна идеја, која се води од непрофитната идеа уште од нејзиното основање. (Состојба: 31 декември 2020 г.)