Сериското производство на електричниот автомобил Fiat Grande Panda во Крагуевац, според најавите ќе започне во третата недела од јануари. Ова ќе ја направи Србија првата земја на Балканот која ќе има финално производство на електрични возила. Прво од производните линии во Крагуевац ќе излезат електричните, а потоа хибридните возила. Граѓаните кои ќе одлучат да купат такво возило ќе можат да сметаат на државна помош.

Државниот секретар на Министерството за заштита на животната средина, Сандра Докиќ, во утринската програма на РТС потсети дека Министерството субвенционира купување на електрични возила веќе шест години. Што се однесува пак до конкретното производство на Fiat Grande Panda, министерката вели:

„Регулативата ќе биде донесена до крајот на јануари, нашите граѓани ќе можат да почнат да поднесуваат барања на почетокот на февруари, а самите барања ќе може да се поднесуваат до 31 октомври.“

По донесувањето на уредбата, на веб-страницата на Министерството за заштита на животната средина ќе биде достапен образец што ќе ги содржи сите информации за потребната документација, во зависност од тоа дали барателот е физичко или правно лице.

Според објаснувањето на државниот секретар ќе биде потребна соодветна документација, во однос на тоа дали се подмирени сите даночни обврски, данок на имот, потврда за неосудуваност, и други документи, за кои од министерството сметаат дека можат да се соберат без компликации.

При поднесување на документите, барателите ќе склучуваат преддоговор со Министерството, пред да се донесе одлука.

„Електричните автомобили може да се купат преку лизинг или преку сопствени средства и во тој контекст доаѓаме до решение каде ги наведуваме сите тие податоци, по што се доставуваат или до давателот на финансискиот лизинг или до продавачот на автомобилот. Подоцна се склучува договор и остатокот од документацијата се доставува до министерството.““, нагласи државниот секретар.

Субвенции од 5.000 евра по возило

Досега во Србија, надвор од овој нов исчекор се субвенционирани набавки за над 2.800 електрични и хибридни евозила.

Според одлуката на Министерството при купување на електрично возило со сопствени средства, по уплата, Министерството ќе ги исплаќа субвенциите од 5.000 евра по електрично возило. Во неа се додава и дека сумата мора да се плати во рок од 15 дена, што е на товар на купувачот.

„Доколку се работи за финансиски лизинг, купување на рати, тогаш треба да се исплатат 15 проценти од вкупната сума на возилото и после тоа ќе дојде нашата субвенција“, објасни таа.

Инаку се субвенционираат електрични патнички автомобили со најмногу девет седишта или товарна тежина од 3,5 тони“.

Министерството, вели таа, обезбедило дополнителни средства за сите кои ќе поднесат барања до 31 октомври доколку барањата ја надминат сумата утврдена за таа година.

„Тоа се случи минатата година. Имавме 170 милиони динари, примивме неколку барања и исплативме вкупно 205“, додаде Докиќ.

Како сега стојат работата, правните лица поднесуваат повеќе барања од физичките лица, што, според државниот секретар, има смисла бидејќи најчесто користат возила за достава.

„Тие го препознаа интересот да имаат електрично возило. Она што исто така го забележавме, а тоа ни е многу важно од еколошка перспектива, е тоа што многу од нив поставуваат соларни панели. Тие полнат електрични возила преку тие соларни панели. “, заклучи државниот секретар.

Укината субвенцијата за хибридни возила

Владата одлучи повеќе да не субвенционира купување на хибридни возила и плагин хибридни возила на предлог на Министерството за заштита на животната средина.

„Како министерство, секогаш гледаме кои возила имаат најдобро влијание врз квалитетот на воздухот. Тоа се токму електрични возила. Кога почнавме во 2020 година, немаше толку многу инфраструктура за овие возила, но во последните 4-5 години, особено минатата година, се разви“, додаде Докиќ.

Таа изјави дека речиси секој трговски центар, пат и бензинска пумпа има полначи за овие автомобили.

„Значи, како што се развива инфраструктурата, решивме да субвенционираме само електрични автомобили. Одиме во чекор со нашата „панда“ која треба да се појави на пазарот, за која ќе се дели и таа субвенција“, истакна Докиќ.

Министерството дава субвенција за секое купување на „панда“.

„Нашето министерство ќе обезбеди по 5.000 евра за секое купување на „панда“. Доколку барањата го надминат износот на средствата, ќе обезбедиме дополнителни средства по потреба“, најави Докиќ.

Тој посочува дека за годинава се издвоени 170 милиони динари и сите апликанти кои ќе аплицираат со уредни документи до 31 октомври ќе добијат субвенции.