Уникатниот SKOPJE COFFEE FESTIVAL ќе се одржи за прв пат на прекрасниот покрив на Скопје Сити Мол на 20 и 21 септември оваа година. На оваа урбана локација, која полека,но, сигурно го завзема своето место во културно забавните приказни на Скопјани сите се добредојдени. Ова е убав повод молот да го претстави новиот совршен простор за сите љубители на кафе, каде што ќе може да уживаат во незаборавно и несекојдневно искуство под отворено небо.

 

Љубителите ќе имаат можност да видат и вкусат квалитетни кафиња благодарение на уникатниот процес на подготовка од зрно до вашата чаша: селекција, мешање, печење, стареење, притисок и подготовка.

Фестивалот изобилува со прекрасни презентации на кои ќе имате можност покрај вкусовите да слушнете и повеќе детали за овој топол напиток. Така, преку предавањето „Вовед во светот на кафето", Иван Животиќ
Coffee expert & Business developer за Nestle Adriaric region подетално ќе ве запознае со карактеристиките на оваа благотворна билка. Додека Проф. Др. Јана Клопчевска на катедрата за биотехнологија на Технолошко-Металуршки факултет, Скопје ќе зборува за „Трансформација на отпад од кафе во прототипи за различна употреба“.

Ова се само дел од презентациите што можете да ги слушнете денес и утре  на фестивалот на кафето. 
Еве ги и другите активности  кои се предвидени за посетителите на Skopje Coffee Festival?
– Дегустации на кафе
– Натпревар во лате арт
– Мастер класови
– Презентации
– Забава и музика
– Кафе коктели
– Изложувачи од HoReCa индустријата, home & office апарати за кафе, увозници на брендови на еспресо и инстант кафе.
– Артизан кафе производители и специјализирани поп-ап кафе барови
– Зона со сродни категории на кафето

Бидете дел од првото издание на Skopje Coffee Festival во Скопје Сити Мол, каде што кафето е во центарот на вниманието.

Картата дозволува еден влез на фестивалот, за кој било ден и има вклучена кафе конзумација.