Ставката „пристап до мрежа“ што од 1 јануари ќе се најде на сметките за електрична енергија додека едни ја квалификуваат како дополнителна давачка за граѓаните, според Регулаторната комисија за енергетика е само креативно решение за заштита за редовните потрошувачи. Всушност како што велат од РКЕ се заокружува процесот на транспарентна сметка, а тоа значи дека сметката за потрошената електрична енергија сега ќе содржи цена за потрошени киловат часови, цена за дистрибуција и новововедената потставка: пристап до мрежа. Практично пристап до мрежата досега беше како дел од цената на мрежарината (во која влегува и пренос на дистрибуција).

-Воведувањето на пристап кон мрежа е нов модел кој нема да биде нов трошок за граѓаните, ниту дополнителен приход за компаниите, како ЕВН, МЕПСО и Електродистрибуција, објасни претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.
Според него воведувањето на пристапот кон мрежа, не е нов трошок, ниту екстра давачка туку правична распределба. Воведувањето на пристапот кон мрежа во основа значи намалување на цената за мрежарина односно дистрибуција (која досега зафаќаше 33 отсто од цената на сметката) за 20 отсто што секако ќе се манифестира и на сметките за електрична енергија.
Бислимоски смета дека не е фер редовните потрошувачи со еден стан да плаќаат повеќе. „Зар на некој што има пет стана му е проблем да плати плус 100 денари? Се очекува оваа давачка да изнесува 50-250 денари, што ќе се одреди по завршување на анализите. Иако мора да признаеме дека колку и да е добра оваа намера за редовните корисници, имателите на повеќе станови пак ќе го избегнат овој товар препуштајќи им го надоместокот за пристап до мрежа на „потстанарите“.
Оваа давачка, според него, е поправедна кон сите останати што редовно плаќаат електрична енергија. „Нема потреба секогаш да плаќаат тие што редовно и често го прават тоа. Навикнати тој што е најчесен да плаќа секогаш. Вакви примери има во повеќе земји низ Европа. Се плаќа симболична цена за да им се помогне на редовните потрошувачи“, рече Бислимоски на прес-конференција во РКЕ. И смета дека ова е една од мерките со кои следните години одиме во нова нормалност.
Дали РКЕ измислува топла вода?
Неговата теза за креативно решение за заштита за редовните потрошувачи ја поткрепи со конкретна презентација и професорот Рубин Талевски, кој беше предводник на тимот при воведување на реформата за блок тарифите.
-Потрошувачите со оваа мерка се заштитени и им се намалува трошокот за мрежарина. Има голем број домаќинства кои трошат минимална енергија или еднаква на 0, какви што се викендичките. Редовните потрошувачи досега ги покриваа трошоците за одржување на мрежата на сите останати и на оние кои воопшто не вклучиле струја во објектот.
Според него воведувањето на пристап до мрежа не е нова давачка туку заокружување на целокупниот процес на сметката за електрична енергија и тоа го претстави вака:
Да се разјаснат некои дилеми и објаснат некои недоразбирања и шпекулации кои кружат деновиве.
Прва дилема - прашање: Дали овој надоместок за пристап или користење кон мрежата е дополнителна давачка за потрошувачите?
Јас велам дека не е. Тоа го кажа и претседателот. Досега корисниците на мрежата плаќаа мрежарина, која дефакто се состои од повеќе делови, меѓутоа може да се каже дека се состои од фиксен и варијабилен дел.
Пристапот кон мрежа е всушност тој фиксен дел. За сметка на тоа ќе се намали варијабилниот или делот (кој и сега се плаќа) односно трошок за дистрибуиран, пренесен киловатчас.
За домаќинствата тоа е цена по киловатчас, а за поголемите индустриски, комерцијални потрошувачи надоместок за ангажирана моќност.
Со воведување на фиксниот надоместок, ќе следи намалување на варијабилниот надоместок (односно сегашниот надоместок) ќе се намали за околу 20 проценти за домаќинствата и малите потрошувачи од категорија LV2, а за фирмите кои имаат приклучок LV 1.2 тоа намалување ќе биде околу 18 проценти. Значи нема дополнителен надоместок.
Надоместокот за користење на мрежата нема да го зголеми приходот на електродистирибуција. Делот од приходот што електродистрибуција ќе го наплати како фиксен надоместок ќе го намали другиот дел, делот што е по основ на пренесени киловатчасови или по основ на варијабилни трошоци, значи немаме нова давачка.
Дали РКЕ измислува топла вода? Не. Повозрасните може се сеќаваат дека до 80-ите постоеше слична ставка во сметките за електрична енергија што се нарекуваше сијалично место. Ваков систем за наплата на мрежарината и надоместоците за користење на мрежата постои и во други држави, а се применува и за други индустрии. На пример, банките ви наплаќаат за тоа што имате сметка, без разлика за големината на сумата. Значи, вие плаќате месечен надомест, дополнително надоместок за извршени трансакции, и на крај не добивате камата за парите на сметката.
Телефонските оператори имаат сличен систем. Плаќате неколку стотини денари за користење 1000 минути, разговори или СМС пораки и ако не ги искористите не добивате поврат на пари. Практично плаќате 100 постотен фиксен надоместок. Значи не е измислена топла вода, тоа е метода што се користи во повеќе области.
Зошто се воведува надоместокот?
Има повеќе причини, а првата е поправична распределба на трошоците.
Во минатото кога постоел концептот на сијалично место, што бил воведен во периодот кога се електрифицирала државата и потрошувачката на електрична енергија била мала. За да се соберат надоместоците потребни за одржување и градба на мрежата цената по киловатчас треба да биде голема, па затоа е воведен тој надоместок за сијалично место.
Подоцна тој е укинат затоа што количеството на електрична енергија што се пренесувал преку дистрибутивната мрежа било доволно големо па сите плаќале преку постојниот систем како што е сега за мрежарина.
Втора причина зошто е поправична распределбата е фактот дека користењето на електрична енергија колку и да е насушна потреба на сите нас, сепак е тоа некаква привилегија.
На пример, имате викендичка каде одите еднаш годишно, а сепак и тогаш имате струја. Зошто? Затоа што некој изградил мрежа и континуирано ја одржува и е спремен во секое време да ви обезбеди услуга. Тој луксуз треба на некој начин да се плати. Ако во државата има околу 240 000 броила или мерни места кои не трошат струја или имаат минимална потрошувачка, дистрибуција независно од тоа, за нив треба да обезбеди услуга, а не може да наплати. Токму тие трошоци за нив ги плаќавме ние редовните потрошувачи. Гледано од тој аспект овој надоместок воведува поправична распределба. Некој може да го нарече и данок на луксуз. Но оние кои имаат по неколку стана или викендичка во кои не живеат истовремено ќе плаќаат преку фиксниот надоместок за користењето на мрежата.
И за да нема забуна, надоместокот за приклучок е инвестиција неопходна за реализација на правото за користење на мрежа. Но дистрибуција треба да обезбеди електрична енергија и за покривање на загуби, одржување на водови, трансформатори, надградба на мрежа. Така што не може надоместокот за приклучок да ги покрие оперативните трошоци на дистрибуција. Која е логиката? –Парите за приклучок се за да се изгради приклучокот не да се обезбеди електрична енергија. Вие може и да не ја користите, а секогаш ќе имате правото. За тоа право МЕПСО и Електродистрибуција мора да ја одржуваат мрежата без разлика што не сте таму. И затоа сега плаќаме висока мрежарина иако вие не ја користите.
Првиот надоместок е за инвестиционите трошоци, додека оперативните трошоци ќе бидат покриени од фиксниот надоместок и од надоместокот за пренесена електрична енергија.
Пример. Може да изнајмите возило за кое плаќате определен надоместок дневно, но тоа не значи бесплатно полнење на резервоарот со гориво или дека нема екстра плаќање за поминати километри Така треба да се гледаат работите“, детално образложи професорот.
И додаде: Фиксиниот надоместок по потрошувач во иднина ќе може да се направи зависно од пријавениот капацитет што ви треба и колку е поголем, поголема е и сметката. Денешните броила не го дозволуваат тоа, но технички во иднина ќе се плаќа не по приклучок туку по капацитет, моќ. Како што има калкулатор за блокови ќе се надградат и ќе се гледа капацитетот
Инаку според анализите на РКЕ, последните 12 месеци потрошувачката по домаќинствата се движи од 240 киловатчасови до 490-500. Ако се воведеше овој надоместок од 1 јули (зимски и летни месеци) зимските месеци просечна потрошувачка е 407 а во летни 286 киловатчасови за оние домаќинства кои имаат просечна потрошувачка ќе нема никакви зголемување на мрежарина – надоместокот за фиксен и варјабилен дел –ќе се намали делот за варијабилни трошоци. Ќе плаќаат повеќе тие со мала потрошувачка, а кои имаат во секој момент на располагање струја. Но, како и да е според анализите и пресметките на РКЕ се очекува дека зголемувањето на цената