„СТЕМ Академија“ е прва организација која се занимава со СТЕМ образование во Македонија и повеќе од 3 години посветено работи на креирање на СТЕМ вештини на 21 век. СТЕМ е акроним со кој се означуваат образовни програми базирани на идејата за едуцирање на учениците во четири дисциплини – наука, технологија, инженерство и математика со интердисциплинарен и применлив пристап.

Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој, STEM Академијата спроведува високо едукативни и забавни програми за деца од 5 до 12 години базирани на STEM (Science, Technology, Engineering, Math) во кои децата ќе ги научат клучните содржини базирани на STEM, како и приемена на најбараните вештини на 21-от век, како иновативно размислување, тимската работа, одлично комуникативно изразување и критичко размислување. Во овие наменски креирани програми, децата преку соодветно осмислени игри и активности во кои се користат наменски развиени LEGO елементи ќе го изнајдат одговорот на сложените прашања, проблеми или предизвици и ќе им помогнат на децата да ги научат клучните содржини, како и приемена на најбараните вештини на 21-от век.

Едукација преку решавање на реални и секојдневни проблеми низ игра

Целиот процес на учење се одвива преку решавање на интердисциплинарни проблеми од секојдневието,со тоа децата учат дека проблемите иако непознати,не се ништо лошо или страшно, и воедно развиваат способност за саморегулирање, што имплицитно делува на целосно завршување на веќе започнатите работи во животот.

Пасивните инструкции ги нема – не се објаснува како нешто треба правилно да се направи,туку се дозволува преку игра и истражување секој да дојде до свое решение. На овој начин децата учат со разбирање,ги прошируваат своите знаења со леснотија,а воедно стекнуваат вештини кои ќе им служат, не само во процесот на образованието, туку и подоцна во животот.

„Stem Walkers“ - млади луѓе кои ќе бидат корисни во општеството

Во Академијата владее креативна атмосфера каде младите доаѓаат и работат на одредени проблематики од науката, инженерството, технологијата, математиката... Посебен дел кој се посветува внимание е роботиката која е најинтересна на децата. Децата учат и програмиње. Тимот „Stem Walkers“ е посебен тим во Aкадемијата каде учествува на глобални на роботски натпревари. 

„Задоволни сме од нив, ова е тим од 2019 година. За прв пат учествувавме на таков вид натпревари, се пласиравме на светско првенство во Рива, тоа еден од најголемите успеси. Нашата академија работи со деца од 5 до 16 години и нашиот фокус е начинот на размислување. го развиваме мајдсетот на децата, ги развиваме социјалните вештини, решаваме проблеми, вредности, самодоверба... се она што значи создавање комплетна личност. Но, како метод ги користиме лего коцките, децата работат со нив. во позадина се изведуваат посуштински активности каде ги развиваме овие вештини“, објаснува Жарко Поп Илиев - извршен директор на „Стем академија“ 

За децата, вели Поп Илиев, кој било проблем да се појави е предизвик и се работи на начинот како да се пристапи, издржвливост како да се решат одредени ситуации, за сето тоа не е само потребно знаење, генерално да се размислува за да се дојде до крајната цел. 

Во роботската игра еден дел од задачата е роботот да изврши што може повеќе мисии во две ипол минути. Има одредени места каде на роботот може да му ги смените додатоци за различните мисии да може да ги изврши. Нашиот робот може да ги изврши сите мисии што го прави еден од најдобрите во Македонија, велат од таму. 

Прво Microsoft училиште во Македонија

Станува збор за пристап во образованието препознатлив по иновации,програми, методологии и технологија кои секористат при осмислување на наставата, учењето и оценувањето, како и развојот на вештини релевантни за учениците кои се подготвуваат за предизвиците на 21-виот век и за отворање на нови кариерни можности.

Програмите кои се користат се официјални програми на нашите партнери LEGO® Education и Microsoft, и се проверени насекаде во светот. Во осмислувањето и изработката на овие програми учествувале стотици експерти за образование од целиот свет.

За време на часовите децата ги усвојуваат новите знаења и вештини преку игра, користејќи наменски дизајнирани LEGO Education коцки, како и специфични едукативни платформи како Minecraft Education. Дополнително СТЕМ Академија има воспоставено соработка со значајни образовни институции како што се Машински Факултет во Скопје, Универзитетот Харвард и Академијата за роботика Карнеги Мелон.

Часовите се изведуваат во простории коишто ги задоволуваат сите безбедносни стандарди. Притоа, водејќи сметка околината дa биде мотивирачка, креативна и технолошки опремена.