Летото е период кога студентите одмораат од факултет и испитни сесии. Но, е време кога идните академски граѓани треба да размислуваат на кој факултет ќе го продолжат своето образование. 

Универзитет „Гоце Делчев“ е втор најголем во земјава. На него почнаа да течат роковите за прием на нови бруцоши. Со оглед на тоа дека Штип, градот под Исарот важи и за град на текстилот, проверивме што планира да понуди Технолошко - техничкиот факултет на новите студенти. 

Продеканот на Технолошко - техничкиот факултет, Дарко Андроников вели дека годинава имаат три студиски програми - технологија на материјали, дизајн и технологија на текстил и облека и прехранбена технологија. За смерови смета дека досега одлично функционираат. Имаат два наставни центри во Штип и Струмица и очекува да има доволен број на стуенти и оваа студиска година. 

„Работиме на повеќе индустрии особено во текситлната. Штип како текстилен град апсорбира голем дел од дизајнерите. Стдентте кои диполомираатги воведуваме во делот на прогмрирање и дизајнот на текстилот и оспособени влегуваат во фабриките. И во текот на самото студирање поминуваат во текстилните фабрики. во Прехранбената технологија веќе осма година одлично соработуваме со индустријата. од втора година ги пуштаме студентите на пракса и големите фирми ги собираат прехранбените технолози. Дури не ни продуцираме толку кадар колку што им е потребно. Големите компании како винчини и европа се во постојан контакт со нас. Голем дел од дипломците не ги ставаат на незгодни позиции туку на оние кои нив им одговара за полесно да се прилагодат на работата. Технолозите имаат солидни позиции. Во источна македонија ни се стеснува бројката на студенти и се надевам дека ќе расте“, вели Андроников.    

Три студиски програми во академската 2022/2023 година ќе има и на Електроехничкиот факултет во Штип. Тие се роботика, мехатроника и роботика, електроенергетика и обновливи извори на енергија и автоматика и системско инженерство. Уписите ќе бидат во два града во Скопје, каде студентите ќе студираат вонредно, а во Штип и вонредно и редовно. Тодор Чекеровски, продекан на Електроехничкиот факултет во Штип посочува дека студиските програми се работени според побарувањата на индустријата. За стидентите кои ќе го изберат Техничкиот факултет и која било од неговите програми, смета дека сигурно ќе направат добар чекор за во иднина. 

„Нови технолошко индустриски зони веќе се отвораат. Во поново време ја гледаме и енергетската криза која се наметнува. Имаме добар кадар. И квалитетот на нашето образование можеме да го рангираме според некој однос каде се вработуваат студентите. Од Техничкиот факултет нема невработен студент. За праксата, соработуваме со голем дел од индустријата и во Штип и на ниво на држава. И државните ЕВН и ЕСМ се наши партнери. Ни обезбедуваат стипендии за нашите студенти и даваат пракса за нив. во делот на индустријата, местото на секој студент е загарантирано“, вели Чекеровски.  
Од аспект на соработката со индустријата и можностите со вработување, во делот на општествените науки, односно на Правниот факултет, нудат широк спектар на пракса на студентите, кои подоцна и се барани на пазарот на труд. 

„Медиусмите студии за односи со јавноста при Правниот факултет на УГД овозможуваат  студентите да ги искористуваат капацитетите со кои располага Универзитетот „Гоце Делчев“. Имаме високо опремено телевизиско студио и радио каде студентите можат да го практицираат стекнатото знаење и да произведуваат содржини. Имаме и печатен медиум како и електронски медиуми и во текот на праксата да ги изразат своите новинарски вештини. Праксата овозможува на нашите студенти добро да се снајдат во понатамошното трагање на работа по завршување на студиите. Овие студенти високо котираат при барањето за работа на одредени места. Имаме досега произведено многу истакнати новинари, правници, нотари“, вели продеканката на Правниот факултет, Елена Максимова.  

Инаку, за време на пандемијата со ковид-19, Штипскиот Универзитет беше издвоен од „Мајкрософт“ како успешен пример за премин од физичко учење во онлајн настава.