Бизнисите кои не успеаваат да се прилагодат, предизвикуваат да заостанат и да ја загубат конкурентската вредност. Дигиталната трансформација значи фундаментални и сеопфатни промени низ кои поминува една организација за да го искористи потенцијалот на дигиталните промени и иновации и за да ги подобри процесите производите и корисничкото искуство во деловното опкружување.

Според Гоце Џуровски, менаџер за маркетинг и продажба во компанијата „Зонел софтвер“ секогаш во центарот се организациските промени и луѓето. Без тие два сегмента не може да се замисли никаква трансформација.

„Дигиталната трансформација не е деловна мода како технолошки тренд. Тоа е фундаментална промена на начин на кој работиме и влијае на компанијата. Таа не се однесува на технологијата, туку на самите луѓе. Таа бара и културна промена во организацијата и преземање на ризици. Бизнисите мора да бидат подготвени да инвестираат во обука и развој на своите вработени. Да создадат култура на менување иновации и континуирано подобрување“, објаснува Џуровски.  

Придобивки

Џуровски посочува на низа придобивки од дигиталната трансформација.

Зголемена ефикасност - дигиталната трансформација треба да им овозможи на компаниите да ги насочат своите операции, да ги автоматизираат процесите кои се повторливи и да ја зголемат продуктивноста. Тоа ќе придонесе да се ослободат време и ресурси како финаниски, така и технички, кои може да се фокусираат за развој на бизнисот. Она што на крај е повторно во центарот е корисничкото искуство. На крај, секоја компанија постои поради корисниците. Дигиталната трансформација треба да овозможи повеќе персонализирано и подобрено искуство на корисниците. Дигиталните технологии може да им помогнат на бизнисите да го прошират нивниот дострел пошироко од нивниот моментален пазар.

Нови извори на приходи - секоја имплементација на нови технологии им овозможува на компаниите развој на производи и услуги со користење на нови бизнис модели, со развој на нови начини на услуги. Дигиталните технологии може да им овозможат на малите бизниси пристап до податоци и анализи со кои ќе носат поинформирани поточни одлуки. Тоа ќе им помогне да го оптимизираат своето работење и да реагираат побрзо на променливите пазарни услови. Пазарот брзо се менува, тоа овозможува да се биде повеќе прилагодливи на тој пазар.

Зголемена конкурентност - бизнисите кои ќе ги прифатат дигиталните трансформации може да останат конкурентни. Оние бизниси кои нема тоа да го направат ќе заостанат зад конкурентите.

Клучни и најинтересни технологии

Компјутери во облак - им овозможуваат пристап на бизнисите до компјутерски ресурси наместо да ја одржуваат сопствената физичка инфраструктура. Се закупува свој облак и не се користи сервер и ресурси. Тоа може да помогне да се намалат трошоците за ИТ и полесно да се адаптира компанијата на развојот. Со тоа и да се зголеми флексибилноста.

Анализа на податоци - користење на софтверски алатки на големите количини на пдоатоци за да се добие увид во целосното работење за носење на деловни одлуки. Може да ги користат малите бизниси за разбирање со своите клиенти, да ги подобрат своите услуги и да ги оптимизираат операциите.

Вештачка интелигенција - тренд, но, не постои од вчера. Сега веќе добива и технички капацитети за да бидат пристапни до секој човек. Технологиите може да им помогнат на малите бизниси преку разни алатки како машинско учење, обработка на компјутерска визија, да прават попрецизни предвидувања и да ги подобрат интеракциите со клиентите. Тука се чет ботовите, но во принцип почнувате да комуницирате со нив и потоа дури да остварите комуникација со вработен за подетален одговор. Тие ги заменуваат вработените да дадат одговори на најчесто поставувани прашања.

Интернет на нештата - малите бизниси може да ги користат за следење и оптимизација на нивните операции. Следење на залихи, подобрување на искуство на корисниците... „Зонел софтвер“ неколку години работи на сензори за мониторинг на температура и влага. Тие се паметни сензори, овозможуваат на корисниците на време да добијат информации за промена на температурата, онаму каде што тоа е од витално значење.

Платоформи за е - трговија - тоа се алатки кои овозможуваат на малите компании да управуваат со онлајн продавници на многу едноставен и брз начин и да допрат до поширока публика и да ја зголемат продажбата.

Социјални медиуми, маркетинг пребарување, електронска пошта, свесноста за брендот да ги видат потенцијални клиенти - ако порано комуникацијата со клиентот беше еднонасочна, сега преку социјалните мрежи клиентите можат да комуницираат меѓу себе и со вас за вашите производи. Ако не комуницирате со нив на мрежите е тешко да ја задржите вашата позиција како бренд на пазарот.

Алатки за управување со проект - малите бизниси да управуваат со задачите да соработуваат со членовите на тимот и да го следат напредокот.

Според Џуровски, битно е да се идентификуваат технологиите што се усогласуваат со целите и ресурсите на еден бизнис и да се имплементираат. Како што вели, дигиталната трансформација не значи дека сите овие технологии треба да се имплементираат наеднаш.

„Вие сте оние кои одлучувате кои од нив треба да ги имплементирате, со кое ниво на брзина и по кој приоритет. Дигиталната трансформација носи и многу предизвици и пречки. Постојат и предизвици, како отпор на промени од вработените - се плашат од новите технологии и дали нивните работни места ќе бидат укинати. Тука се и безбедносните ризици - сајбер напади, треба да се размислува на бекап на податоци. Потоа, проблеми при интеграција - постоечките технологии да ги замените со нови, недостаток на човечки ресурси... Постојат примери на компании кои неуспешно ја спровеле дигиталната трансформација“, вели Џуровски.   

Стратегија

Мора да се идентификуваат деловните цели и задачите. Зголемување на ефикасност, намалување на трошоци, излегување на нови пазари... во зависност од тоа кои од овие работи сакате да ги постигнете.

„Откако ќе се идентификуваат, битно е да се проценат капацитетите на организацијата. Технолошката инфраструктура, бизнис процесите кои во моментот се случуваат. Ако само наметнете технологија, а нема кој да ја работи, повторно нема да имате квалитетна дигитална трансформација. Битно е да имате план за спроведување. Ако немате мерливост на планот, временски рокови, буџети, ресурси, нема да знаете кај се движите“, оценува Џуровски.