Стопанска банка го олеснува финансирањето на иновативните компании. Олеснет пристап до финансии за за сите микро, мали и средни претпријатија, Стопанска банка ад Скопје овозможи со потпишување на Меморандумот за соработка со Фондот за иновации и технолошки развој.

Можностите се однесуваат на корисници на кофинансирани грантови на Фондот, кои имаат потреба за дополнителна финансиска поддршка. Истиот пристап важи и за компании кои аплицирале на некој од повиците на ФИТР, а не им биле одобрени средства.

Стопанска банка го олеснува финансирањето на иновативните компании

„Пред неколку месеци суштинската соработка на ФИТР со банкарскиот сектор беше само идеја, а денес со шестте најголеми банки во државата им го олеснуваме развојниот пат на македонските стартапи и заеднички придонесуваме за развојот на домашната економија.

Верувам дека преку партнерството на ФИТР со Стопанска банка АД - Скопје, ќе ја зголемиме бројката на новите стартап компании и ќе ги поттикнеме инвестициите, со крајна цел да започнат бизнис во нашата земја а да бидат успешни на светските пазари.

Предлог проектите кои ги добиваме на јавните повици покажуваат дека имаме голем мотив да продолжиме интензивно да работиме на потребите на стартап заедницата и изнаоѓање решенија за полесно пласирање на нивните идеи.” изјави, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.

 Улогата на системски значајна банка е да биде двигатели на економијата


Пакетот на банката нуди:

  • -основна и наменска трансакциска сметка за вршење плаќања во домашниот платен промет без надомест за отвaрање на сметка,

  • -дозволено пречекорување на денарска сметка со минимална провизија за одобрување,

  • -пристап на Е-banking и М-banking сервиси и повластени провизии за трансакции преку Е-banking сервисот до 70 отсто пониски од оние на шалтер,

  • -и VISA бизнис картичка без надомест за годишна членарина за првата година од користењето.


Дополнително Банката може да понуди и кредитни линии, краткорочни и среднорочни кредити за финансирање на обртен капитал, долгорочни кредити за финансирање на инвестиции со промотивни услови како и посветен советник за бизнис клиентите.

„Потпишувањето на Меморандумот за соработка со ФИТР не радува затоа што силно веруваме во претприемачкиот дух, во иновативноста на нашите сограѓани и во потенцијалот за локален, но и за глобален раст.

Нашата улога како системски значајна банка е токму да бидеме двигатели на економијата. Оттука, покрај поддршката за големи развојни проекти, Стопанска банка АД - Скопје е исто така посветена на поддршка и охрабрување на малите и средните компаниии за целосно да ги остварат своите амбиции, се разбира преку здрави финансиски совети и соодветно прилагодени производи и услуги. Нашата речиси 80 годишна традиција, нашето богато искуство и експертиза се начин за остварување на силна синергија со плановите и проектите на иноваторите за испорачување на одлични крајни резултати. Затоа, ги повикуваме заинтересираните да им пристапат на нашите Референти за мал бизнис во филијалите и да побараат практичен совет и финансиско решение прилагодено на нивните потреби. На овој начин, Стопанска банка АД – Скопје останува постојано на ваша страна.”,  информираат од Банката.