Од денеска цените се враќаат! Тие беа само привремено замрзнати, со непазарна административна мерка, за да му олеснат на сиромашниот народ да ги купува барем основните прехранбени продукти, односно со намера голем дел од него да не падне во најдолната социјална категорија – сиромаштија со тапија.
Ценовната мерка е многу тешка за производителите и за трговците во чиј инпут влегуваат сите варијации на светските ценовни шокови, а на другата страна имаат ограничување на маржата што може и доведе до тоа многу компнии да бидат затворени, работниците отпуштени од работа, социјалните фондови оптоварени, лекарската заштита укината или на товар на фондот, кој и така мака мачи за да остане на нозе.
Денеска цените ќе експлодират и ќе ги зашеметат граѓаните. Продавачите ќе се нафрлат врз купувачите со намера што побргу да го надоместат тоа што го имаат пропуштено во време на „административниот период“. Инфлацијата ќе го надмине проектираниот процент од 2,4%. Но, тоа е еконoмијата и економската логика. И најголемиот проблем не е во тоа, затоа што сиромашната побарувачка веданш ќе ја осуети таа намера. Односно, трговците можат да дигаат колку сакаат, ако нема кој да купи, им се заканува голема опасност да пропаднат, затоа ќе си легант на брашно колку што им дозволува можноста да не почнат да ја јадат сопствената супстанца.
Пробелмот е во тоа што македонските бизнисмени, фирми, директори, тајкуни и останатата трговска мафија лесно се договара за монополски настап на пазарот. Тоа значи суспензија на економскиот натпревар со поголема продиктивност и конкуренција, односно со намалување на цените. Овој факт е повеќе пати потврден од познавачите на пазарот, најмногу од страна на земјоделците кои мака мачат да постигант повисока откупна цена кај „здружените“ откупувачи, кои со еден телефонски разговор се разбираат меѓу себе на кое ниво да ја држат откупната цена.
Инспекциите не им можат ништо. Тие тоа го знаат, но и покрај законот за антимонополско здружување не можат да докажат дека тоа се случува пред нивните очи.
Дури експертите тврдат дека монополско здружување и покачување на цените има и во случај на намалување на цената на инпутот, односно поевтинување на цената на енергенсите и на транспортот. Комисијата за заштита на конкуренцијата тука треба да отвори четири очи во интерес на заштитата на граѓаните.
Но, што да се прави кога судбината на една мала земја е -мала група лесно да ја манипулира во сите ефери од животот и во политиката и во економијата и во градежништовото. Македонската економска максимална отвореност, колку и да се фалат властитие со тоа, и дестимулацијата на сопственото производство, зависноста од увозот, е најголемиот проблем на нашата економија. Дури и трговскиот биланс го пегла извозот на странските фирми што работата во Слободните економски зони, како што е „Џонсон Мети“ и други. Од овие приини деновиве сме сведоци на затворање на текстилните фабрики поради намалените нарачки од Германија, која исто така мака мачи со економијата, и на други нарачатели од Европската унија.
Војните не стивнуваат и ги држат на високо ниво цените на енергенсите.
Последните податоци на Организацијата за храна на Обединетите нации покажуваат дека цените на храната во јануари бележат значителн пад и се најниски во последните три години. Сепак, кај нас, трошоците за живот од месец во месец растат. Синдикатот пресмета дека на едно семејство месечно му се потребни околу 1,000 евра за да го помине месецот.
Стандардот се наоѓа пред уште една закана, а тоа е либералицација на цената на струјата, односно престанок на нејзиното субвенционирање.
Работата во светски размери е дотаму неизвесна што дури и американските потрошувачи ја губат самодовербата, пред се од враќање на рецесијата.
Оваа губење на довербата се случува по проценката на Американците на моменталните актуелни економски услови, како и нивното движење во наредните шест месеци.
Падот на самодовербата на потрошувачите овој месец донекаде е изненадувње, зато што американската економија продолжува да покажува издржливост, без оглед на зголемените каматни стапки и на инфлацијата.
Иако растот на цените е значително намален минатата година, инфлацијата и натаму е над 2%. Целта на Американската централна банка (ФЕД) е намалување на инфалцијата на помалку од 2% за да ја намали референтната каматна стапка. (За споредба, каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на Македонија во моментов иснесува 6,3 проценти.)
Во обид да се изборат со високата инфлација по пандемијата, Федералните резерви ја подигнаа каматната стопка 11 пати, почувајќи од март 2022. Тоа доведе кредитите за потрошувачите и фирмите да станат многу скапи. Но, владата минатиот месец извести дека економијата на земјата пораснала со неочекувано брзо темпо од 3,3% годишно, од октомври до декемви.
Оваа споредба со најголемата и најразвиената економија во светот можеби некому ќе му се чини несоодветна, но една високопродуктивна економија каква што е американската и еден високо портошувачки и замодоволен пазар може многу да не научи.
Да веруваме дека трговците ќе ги почитуваат своите ветувања од крајот на февруари и дека нема да удрат по џебот на граѓаните од што би им се завртело во главата.
Власта пак најавува дека секое зголемување на цените надвор од пазарната логика ќе се санкционира.
Можеби денеска 1.03.2024 ќе остане се исто, но да почекаме до утре.