ЕУ, по воведувањето на санкциите против Русија, се потпираше  на увозот на нафта од Азија и од САД, но сега  танкерите ја избегнуваат пократката и поевтина рута преку   Црвеното море, па затоа цената на дизелот во Европа, која во последно време имаше надолна линија, пак фати угорнина.

Растот на глобалните цени на дизелот, што го достигнаа  тримесечниот максимум, поради пореметувањето во транспортот во Црвеното Море и низ Суецкиот канал, ја  става на сериозен испит отпорноста на економијата на Европската унија, која минатата година заврши на самиот раб на рецесија.

Зголемените цени на нафтата предизвикуват загриженост кај трговаците. Тие велат дека инцидентитие во Црвеното Море ќе ги зголемат трошоците на горивата и ќе ги пореметат виталните испораки од Азије во Европа, која е една од најголемите светски увозници на рафинирани нафтени  деривати.   

Годишната инфалција во еврозоната во јануари  прелиминарно падна на 2,8 %. Но, фјучерсите (стандардизиран договор за купување или продажба на некои финансиски инструменти на некоја одредена идна дата, по однапред утврдена цена) на бензинот, глобално мерило за цената на  дизелот, пораснаа за 15 % за нешто повеќе од еден месец и сега изнесуваат 845 долари по метрички тон.

Од воведувањето на санкцииите на суровата нафта и дериватите во 2022 године против Русија, Европската унија во голема мерка се потпираше на увозот од Азија и САД. Но, сега танкерите ја избегнуваат рутата низ Црвеното Море и испораката на дизелот во ЕУ од Азија поскупе, затоа што  цените на транспортот се зголемија, а бродовите мораат  да пловат околу р’тот Добра Надеж на крајниот југ на  Африка. Посебна ставка во зголемувањето на цените е цената на осигурувањето. Имено, секогаш кога сигурносната состојба на светските патишта на стоката, од Азија кон Европа, во Црвеното Море, во Суецкиот канал, во Персискиот залив, во Панамскиот канал…ќе се влоши, осигурителните компании драстично ги зголемуваат цените на полисите, што се накалемува на сите други ставки што ја формираат цената на стоката.     

Европската економија 2023. година за влакно избегна да  заврши во рецесија, покажаа официјалните податоци  објавни пред две недели.

БДП во 20те земји, во кои платежно валута е еврото, стагнира во четвртиот квартал во споредба со претходните три месеци, објавува Евростат.

Економијата на ЕУ, која вклучува 27 земји-членки, исто така  избегна рецесија, која обично се констатира кога во два квартала едноподруго се евидентира економски пад.

Наголемата европска економија забавува: германското производство минатата година се намалило, во четвртиот  квартал германскиот БДП падна за 0,3 проценти во споредба со претходнот квартал, потврдува германскиот  Државне завод за статистика.

Во меѓувреме, рафинерите во САД дополнително ќе ги намалат залихте и ќе ги зголемат цените на фјучерсите и на малопроджните цени, предупредуваат стручњаците.

Тие проценуваат дека Европа ќе мора да се потпира повеќе  на производителите на нафта на Блискиот Исток, Саудиска Арабија, Катар, Оман, Емиратие и др кои исто така се наоѓаат блиску до военото жариште.

Економијата во ЕУ главно ја движи дизелот, што се користи во ранспортот на товар, во авијацијата, но и за загревање на домовите. Наглиот пораст на цените ќе го зголеми   притисокот на економиите на земјите-чланки на ЕУ кои се веќе во тешка состојба, односно кои порано се потпираа на  увозот на рускиот дизел, додека не беше ставен под санкции, односно забранет за увоз.  

Според ова, логичо е да се заклучи дека перспективата на поскапиот дизел ги зголемува економските проблеми и ќе придонесе кон растечка криза на трошоците за животот.

Пред да избие војната во Газа, Европската унија од Блискиот Исток набавуваше околу 60 проценти дизел гориво за своите потреби, а сега тој процент е паднат за една третина.

Кризата во Црвеното море се совпадна со намалувањето на  залихите на дизелот во складиштата во Амстердам-Ротердам-Антверпен (АРА), што Европа ја направи уште поизложена на пореметувањето во снабдевањето.

Од овие причини последиците ќе се прелаат и во Македонија, ако вднаш не се смират тензиите и на блискиот исток (Израел - Газа) и во Црвеното море. Иднината никој не може да ја предвиди, односно никој не може да знае какви се намерите и плановите на империјалистиките сили, на политичките мотиви на завојуваните страни. Освен тоа украинската војна, која, по појавата на новите две жаришта, како да падна во втор план, всушност останува на првите места во формирањето на цените, не само на горивата, туку и на пченицата  и на сончогледовото масло ит.

Не треба да не изненади дека ова пролет  макроекономската политика ќе се најде пред  нови проблеми и задачи, како да ги ублажува надворешните шокови, кои траат ушре од кон крајот на февруари 2020 година, а уште не беа залечени последиците од американската и светка економска хипотекарна криза и од дупката направена од задожувањето во странство во непродуктивната цел на векот „Скопје 2014“.