Отворање на 3. 900 работни места и вкупна инвестиција од 205 милиони евра за десет години, предвидува досега најголемиот инвестициски договор што денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за технилошко – индустиски развојни зони, Јован Деспотовски и првите луѓе на тајванската корпорација “Јагео“. Позитивните искуства од работењето на  „Кемет електроникс“ на македонскиот пазар, која во 2020 беше купена, а лани и официјално преземена од групацијата Јагео, биле една од причините Македонија да биде избрана како инвестициска дестинација меѓу неколку земји во регионот, рече главниот извршен директор на Јагео, Дејвид Ванг.

-Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлука како групација беше 10 годишното искуство, како и позитивниот однос и поддршка на Владата. Дополнително за нас  важна е стабилноста на државата и квалитетната работна сила.

Два производствени капцитети ќе се градат во Скопје, првиот во јули догодина, а потоа во втора фаза и во Штип, изјави главниот изврешн директор на „Јагео“.

Компанијата „Јагео“ планира да произведува делови и компоненти за „Тесла" и „Ејпл" , односно производство на резервни делови и компоненти за електрични возила, како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети. Или се заедно – според директорот на ТИРЗ – најголема гринфилд инвестиција во технологии на 21 векп

„Македонија станува дел од светската мапа. Потпишувањето на договорот во видео обраќање го поздрави и со над 40 000 вработени, тајванската корпорација „Јагео“ која е еден од нејголемите снабдувачи со делови и електроника за автомобилксата индустрија, електронски компоненти за новите зелени технологии, 5Г телекомуникации, медицината, одбраната.

Компанијата е основна во 1977 година и има 29 продажни центри, 49 производни капцитети на три континети и 20 центри за истражување и развој, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.