„Транспортот на иднината“ - превозот на патници со такси-дронови иако изгледа како далечна иднина, всушност веќе е реалност. Пред неколку дена „транспортот на иднината“ за прв пат се искористи како превоз на патници над небото во Рим.

Пристигнувањето на такси-дронови во Рим беше овозможено благодарение на римските аеродроми, на Азурниот брег, на аеродромот во Венеција и оној во Болоња, кои се обединија, па сосема е можно ваквиот превоз наскоро да биде возможен и во овие градови. Не заостанува и Милано, кој во соработка со компанијата „Скајпортс“ се подготвува за Олимписките игри во 2026 година.

Такси –дронот „eVTOL“ се во можност да превезува две лица, т.е. вкупно 250 килограми со багаж. Тие можат да поминат околу 100 километри без потреба од полнење, а не ја загадуваат околината. Нивното целосно функционирање се очекува во текот на 2024 година во Рим, кога се очекуваат огромен број туристи поради јубилејот, т.е. Света година. „Волосити“ од компанијата „Волокоптер“ е меѓу првите кои ги добија сите потребни сертификати.

Такси-дроновите подотвени за Зимската олимпијада во 2026

„Рим отсекогаш бил меѓу првите градови од дваесетина градови што ги избравме за нашите летови, а во Европа е меѓу првите три градови каде што би сакале да воведеме такси дронови. Тоа се должи на тоа што има многу голема популација, имаме одлични временски услови, а имаме и многу туристи и бизнисмени кои патуваат во овој град“, изјави Кристијан Бауер од компанијата „Волокоптер“.

Пристигнувањето на такси-дронови во Рим е можно и благодарение на аеродромите во Рим, аеродромите на Азурниот брег, аеродромите во Венеција и Болоња. Во заедничкиот проект е вклучен и градот Милано.

„Овој вид транспорт се развива повеќе од 15 години, а сега повеќето од нив ја поминуваат потребната сертификација. Претпоставувам дека многу луѓе се плашат дека ќе го наполниме небото со овие вселенски летала како во научно-фантастичните филмови, но тоа може да почне да се случува околу 2035 година. Дотогаш ќе имаме конкретни рути во мал обем“, изјави Демијан Касели пред компанијата „Скајпорт Инфраструктура“.

„Ние сме партнери на миланската компанија задолжена за Малпенса и Линате, но заинтересирани сме и за езерото Комо, а нашата амбиција е да бидеме подготвени за Зимските олимписки игри, Милано - Кортина во 2026 година. Овие дронови се наречени „eVTOL“ ( i vu ti ol) затоа што се креваат и паѓаат како хеликоптери, додека летаат како авиони, работат на батерии, а немаат еден пропелер како хеликоптер, туку неколку помали мотори од шест до дури 36. Полесни се за маневрирање и многу побезбедно затоа што ако еден мотор престане да работи, има други да го поддржуваат и на почетокот ќе имаат пилоти, што е важно за патниците, бидејќи тие ќе се чувствуваат побезбедни со тој што го контролира леталото. Но, нашата амбиција е еден ден тие автоматски да летаат без пилот“, додаде тој.

Петнаесет минути возење без гужви

Аеродромот „Фиумичино“ во Рим беше домаќин на првиот лет на електричен дрон кој би можел да започне со работа веќе во 2024 година, односно за помалку од две години, со што ќе го поврзе аеродромот со самиот град.

Електричниот волокоптер 2Х на германската компанија „Волокоптер“, специјализирана за производство на таканаречените авиони „еВТОЛ“, полетал на височина од 40 метри и се движел со 40 километри на час, а потоа слетал на „Вертипорто“, т.е. првиот аеродром во Италија кој е изграден за оваа намена, а е со големина од 5.500 метри квадратни со затворен хангар, паркинг и станици за полнење на овие авиони со струја, како и писта за слетување и полетување.

Цената, на пример, на превозот од аеродромот во Рим до центарот ќе биде околу 150 евра, ќе трае околу 15 минути, без гужви и во тишина. Бидејќи, како што ни кажаа, овие возила се многу тивки, многу безбедни, не ја загадуваат животната средина и имаат сè поголеми предности што ќе ја направат навистина превозно средство на иднината.