Колку е застрашувачка моќта на седум американски технолошки компании, колоквијално наречени „Величествени 7“ (Magnificent 7) покажува најновата пресметка на аналитичарите на Дојче Банк. Како што објави CNBC, пазарната вредност на Apple, Amazon, Alphabet, Meta, Microsoft, Nvidia и Tesla денес е повисока од речиси сите берзи во светот. Според нивната анализа, пазарната капитализација на седумте компании ја надминува вредноста на сите котирани компании во повеќето земји од Г20. Поголем вкупен профит освен САД имаат само компаниите од кинеската и јапонската берза.
Повредни од акциите во три држави
Ако акциите на „Величествени 7“ би биле сами на берзата, тој пазар би бил втор по вредноста на капитализацијата во светот, двојно повредна од јапонската берза.
Само Мајкрософт и Епл имаат приближна пазарна вредност како сите котирани компании во Франција, Саудиска Арабија и Обединетото Кралство, пресмета Deutsche Bank.
Таква концентрација на капитализација во толку мал број акции загрижи некои набљудувачи кои сметаат дека тоа е значителен ризик за американската и светската берза. Џим Рид, директор за глобално економски истражувања во Дојче банк, во анализата навел дека сегашната американска берза е многу блиску до онаа од 2000 и 1929 година во поглед на концентрацијата на капитализација во мал број акции.
Тие во банката го анализираа движењето на цените на сите 36 акции кои од средината на 60-тите беа меѓу петте највредни компании восоставот на индексот S&P 500.
Од нив, 20 компании и денес се меѓу 50-те највредни компании. Од акциите на „Величествени 7“ во највредните пет компании, Мајкрософт од 1997 година не е во таа група само четири месеци. Apple е меѓу петте највредни од декември 2009 година, а Alphabet е член од август 2012 година, со исклучок на два месеци кога испадна од Топ 5. Amazon е во групата од јануари 2017 година.
Tesla имаше серија од 13 месеци во првите пет, но моментално е на 10-та позиција, со оглед на падот на цената од 20 отсто од почетокот на оваа година. Од друга страна, Nvidia ја зголеми својата вредност за дополнителни 47 проценти само во 2024 година, а во групата на пет највредни компании се наоѓа од првата половина на минатата година.
Импресивен принос
Во минатонеделната анализа, друштвото за управување со имот „Евелин Партнерс“ истакна дека акциите на „Magnificent 7“ во текот на 2023 година донесоа импресивни 107 проценти принос. Така, тие значително го надминаа индексот MSCI на американските акции, кои донесоа солиден принос од 27 отсто. Даниел Касали, главен инвестициски аналитичар на Evelyn Partners, смета дека постојат знаци од други американски акции вон „Magnificent 7“ кои ќе бидат интересни за инвеститорите.
Oтпорноста на американската економија
„И покрај зголемените каматни стапки, приходите од продажба и профитот на компаниите се покажаа како отпорни. Ова може да се објасни со подисциплинирана контрола на трошоците од страна на компаниите и високото ниво на заштеди на домаќинствата акумулирани за време на пандемијата. Дополнително, американскиот пазар на труд е во добра состојба со дополнително отворени три милиони работни места во текот на 2023 година“, посочува Касали.
Друга причина е подобреното ниво на маржи, што покажува дека компаниите го пренеле влијанието на инфлацијата на крајните купувачи.
„Иако платите растеа, тие не задржаа чекор со растот на цените“, вели Касали.
Извор: lidermedia.hr