Телеком Србија, една од водечките компании во областа на фиксната и мобилната телефонија, интернет и мултимедијални услуги во Југоисточна Европа и Newsmax Media, водечката американска компанија за кабелски информации и дигитални медиуми потпишаа договор за повеќегодишна лиценца, со која српскиот оператор може да ја емитува содржината на Newsmax на своите корисници.

„Телеком Србија е горд што Newsmax не избра како доверлив партнер за емитување на својата содржина и проширување на своето присуство во Европа. По Bloomberg и Euronews, Newsmax е третиот таков партнер на Телеком Србија кој се стреми да донесе точни и веродостојни информации во Србија и регионот од толку важни партнери на Србија како што се САД. Телеком Србија ќе се погрижи вестите што ќе се емитуваат низ Југоисточна Европа да бидат со врвен квалитет и во согласност со брендот на Newsmax во САД“, нагласи извршниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.

Генералниот директор на Newsmax Media, Кристофер Руди го изрази своето задоволство од партнерството со Телеком Србија „кој стана исклучително важен учесник на бројни европски пазари“.

„ Newsmax “ смета дека овој договор е добра можност за воспоставување соработка со Телеком Србија како признат лидер во областа на мултимедии и за зајакнување на врските меѓу Америка и српскиот народ и Балканот. Соединетите држави и Србија беа сојузници во двете светски војни, имаат заедничка желба да го надминат деструктивното наследство на комунизмот во Источна Европа и продолжуваат да ги поддржуваат демократските општества. 

Веруваме дека милиони Американци, Срби и други народи ќе нè гледаат како важен извор на информации на кои можат да им веруваат“, додаде тој.

Newsmax Media Inc. управува со една од водечките информативни  телевизиски станици во САД, Newsmax. Каналот се емитува на сите поголеми кабелски и сателитски системи. Медиумските содржини на Newsmax редовно ги гледаат 40 милиони Американци преку Newsmax TV, апликацијата Newsmax, нејзината популарна веб-страница Newsmax.com и преку публикации како што е Newsmax Magazine. Форбс го нарече Newsmax „информативна сила“.