Телеком Србија станува мобилен оператор во Македонија, Швајцарија и Германија, изјави Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, по повод 25-годишнината на компанијата. Телеком во овој 25- годишен период инвестирал вкупно 4,5 милијарди евра во својот развој и од мал оператор на фиксна телефонија преминал во голем телекомуникациски оператор и лидер во регионот. А истовремено во тој период исплатиле една милијарда и 50 милиони евра дивиденда.

Телекомуникациски оператор и медиумска куќа
Телеком Србија е основан на 1. јуни 1997 година. Меѓутоа, Телеком од релативно мал оператор во Србија станал регионален лидер со повеќе од 11 милиони корисници на фиксна и мобилна телефонија, интернет и телевизија.
„Станавме еден вид важна медиумска куќа во регионот, бидејќи сме присутни во шест земји од поранешна Југославија, пред се со нашиот спортски канал Арена, како и со филмскиот канал Суперстар“, нагласи Лучиќ говорејќи на ТВ Прва.
Сето тоа придонесе Телеком Србија да стане не само главен телекомуникациски оператор во регионот, туку и медиумска куќа, за што во многу придонеле и два фасцинантни податоци од нивната историја. „Во нашиот развој за 25 години вложивме вкупно 4,5 милијарди евра, но во исто време за сите овие години исплативме една милијарда и 50 милиони евра дивиденда. Значи, тоа е дефинитивно најсилната компанија што ја има Србија и која се уште е во мнозинска сопственост на државата“, истакна Лучиќ.
Првиот човек на српски Телеком се пофали и дека 2021 година ја завршиле со исклучително добри резултати и значителен раст на приходите, што се остварени пред се во Србија.
„Направивме раст на приходите од 17 отсто, приход во Србија од 108 милијарди динари, а на ниво на групација над 150 милијарди и сосема е извесно дека годинава во земјава ќе ја надминеме магичната бројка од една милијарда евра приход. Додека на ниво на групација ќе надминеме милијарда и пол евра приход, што ни е многу важно бидејќи сега надвор од Србија приходите стануваат значителни и ќе бидат повеќе од 500 милиони евра“, рече тој.
Лучиќ не крие дека расте и профитабилноста на Телеком, така што добивката пред оданочување и амортизација, лани на ниво на групација изнесувала 55 милијарди динари, а на Телеком 45 милијарди.
Овој позитивен тренд продолжува и годинава, така што Србија, за само три месеци годинава во споредба со 2021 година, забележува поголем приход од 50 милиони евра и добивка пред амортизација од 30 милиони.
-Тоа, како што вели, првиот човек на Телеком, - само покажува дека финансиските резултати на компанијата ќе бидат подобри отколку што предвидуваа и дека годинава на акционерите ќе им плати 6,7 милијарди динари.-
Според Лучиќ врз успехот на Телеком влијаеле најмногу три работи: периодот кога Телеком започна со забрзан развој на мобилната телефонија во 2001 година; потоа во 2007 година кога започна експанзијата на Телеком надвор од Србија, пред се во Србија и Црна Гора. Тој изјави дека третата работа е особено важна – нова стратегија воведена во 2018 година, со која се решила многу неповолната позиција на пазарот што ја имал Телеком.
Тој изјави дека Телеком пред само три и пол години речиси и да немал ТВ корисници во големите градови во Србија или помалку од еден процент.
„Ја имавме Арената послаба од конкуренцијата, а немавме канали на Fox или други брендови. Создадовме нова стратегија на Телеком базирана на развој на оптички и брз интернет, но и инвестирање во содржини и дигитални услуги“, додаде тој.
Најголема продукција на филмови и серии
Целта на Телеком, како што вели Лучиќ е компанијата да расне со сопствено производство, бидејќи луѓето во иднина нема да купуваат сет канали, туку содржина.
„Затоа сега имаме најголема продукција на филмови и серии,“ посочи тој и додаде дека Телеком успеал да ја промовира српската кинематографија.
„Ние продаваме серии на пет континенти, во Северна и Јужна Америка, Азија, Европа и Австралија. Во Азија, соработувавме со Дизни Плус, која сега е најголемата растечка платформа во светот.
Во Австралија нашата серија „Црна свадба“ ќе се емитува на јавниот сервис“, изјави Лучиќ.
Според Лучиќ, Телеком успеал да го обедини целиот квалитетен фудбал на едно место, така што од август планираат и преноси од Премиер лигата. Исто така успеал да донесе и два големи бренда на информативна содржина - Еуроњуз и Блобмерг.
Bloobmerg, се очекува да почне со работа до крајот на јуни.
„Тоа е бренд на прецизни и точни економски вести и доаѓањето е многу важно за овој регион, особено сега кога доаѓа периодот на нестабилност во светот од гледна точка на економските прогнози. Доаѓањето на таков бренд ќе им помогне на српските компании не само да се промовираат, туку и да бидат информирани за предвидувањата“, нагласува Лучиќ.
Телеком претходно најави издавање на еврообврзници, а Лучиќ посочува дека тоа е важно за цела Србија. Тој вели дека Телеком ќе биде првата српска компанија која ќе издаде еврообврзници на европскиот пазар, што е многу важно за компанијата, која има големи планови да го прошири својот бизнис во ЕУ и САД.
„Со излегувањето на берзата и издавањето корпоративни обврзници привлекувате нови инвеститори, пред се американски и со тоа ја зајакнувате транспарентноста на работењето на компанијата, бидејќи таа на квартална основа ги известува инвеститорите за деловното работење. Телеком со излегувањето на европската берза покажува дека има високо ниво на транспарентен бизнис. Ние веќе ја поминавме таа ревизија на меѓународните кредитни агенции и секоја година давањето рејтинг на тие агенции е знак за добро работење на компанијата“, истакна Лучиќ.
Добриот кредитен рејтинг отвора простор компанијата да може да се задолжува на пазарот на капитал по многу поволни услови и да се шири низ Европа и Америка.
Првиот човек на Телеком верува дека компанијата може да стане респектабилен играч во светот, бидејќи го трансформираше својот бизнис во вистинско време и се фокусираше на развој на дигитални услуги и содржини.
Тој потсети и дека Телеком е сопственик на првиот претприемачки фонд за финансирање стартап идеи и дека заедно со младите ќе креира дигитални и софтверски идеи кои ќе се извезуваат низ целиот свет.
Лучиќ исто така нагласува дека Телеком ќе стане мобилен оператор во три земји, Северна Македонија, Швајцарија и Германија.
„До крајот на годинава ќе станеме мобилен оператор во Германија, а сите луѓе од дијаспората ќе можат да ја користат нашата картичка во Германија. Ако користат некоја мрежа во Германија, ќе можат да се префрлат на нашата со истиот број со многу атрактивна тарифа за Германија, но кога ќе дојдат во Србија, БиХ и Црна Гора нема да има роаминг“, заклучи Лучиќ. (МТС)