
Голема чест српската културна јавност укажува на македонскиот хроничар Дарко Гавровски, кој на 26 мај (среда) во култниот Клуб Књижевника во Белград (некогаш епицентар на сите најважни културни случувања во Југославија) ќе има промоција на неговата актуелна книга „Тетовскиот говор“.
Поканата и организацијата е на Здружението на Македонци во Белград "Македониум".
Сите што ќе сакаат да ја купат книгата, таа ќе се продава на настанот по промотивни 2000 српски динари, но заради обемноста на самата книга, истата ќе можат да ја имаат само 20-ина среќници.

Во минатонеделното мега интервју за Анторис, Гавровски кажа:
- Книгата е повеќе од лексикон. Работено е на неа 22 години од мои 44 или скоро половина мој живот. Навлезено е во неверојатна прецизност и водено е сметка за сите детали, слики, дизајн на книгата. Така е кога се работи од ќеиф и со мерак.Тетово ја заслужи оваа книга, за да се обели образот како место на конфликти и лоши вести. Тетово има богата историја со која се гордее и која читателите на оваа книга може да ја забележат на секоја една страница во неа.