Годинешните филмски средби во Ниш ќе бидат отворени на 21 август со филмот „Тома“, додека долго најавуваната српска премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ воопшто нема да се одржи на фестивалот посветен на актерството.

Иако по светската премиера на фестивалот во Пула „Јужен ветер 2: Забрзување“ на Милош Аврамовиќ, требаше својата премиера да ја има пред српската публика на Филмските средби во Ниш, што ќе се одржат од 21 до 27 август, филмот воопшто нема да се емитува на Нишка летна сцена. Поточно, продуцентите го повлекоа од фестивалот.

Овој пресврт, како што беше кажано, дојде поради неможноста за усогласување на роковите и несогласувањата за тоа кој филм треба да има предност на свеченото отворање на Фестивалот на актерски достигнувања на домашен игран филм - Филмски средби во Ниш.

Одлучено е Филмските средби да ги отвори филмот за животот на пејачот Томо Здравковиќ - „Тома“, во режија на Драган Бјелогрлиќ и Зоран Лисинац.

Наместо во Ниш, „Јужен ветер 2“ својата премиера ќе ја има на отворањето на Фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања на 13 август.