„TOP 100“ по 11-ти пат организира Стопанска комора на Северо-Западна Македонија. И оваа година Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) го организира веќе добро познатиот и ексклузивен настан за избор на најуспешни и најмоќни компании „ТОП 10“.

„TOP 100“ по 11-ти пат на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија

Настанот и годинава се очекува да ги истакне најдобрите компании од различни индустрии и категории, кои покажале поголем успех во повеќе области од својата дејност. Тие се членки на СКСЗМ и комората го промовира нивниот пат кон успехот како додадена вредност.

Критериумите за избор на 100-те најдобри и најуспешни компании се годишниот приход што го остваруваат, нето добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капиталот. Главната цел на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија е преку овој настан да го стимулира аспектот на конкурентноста на компаниите и воедно да го промовира нивниот развој. Исто така на овој настан ќе бидат наградени бизнисите со други критериуми кои во традиција отсекогаш биле бизнис со најголем раст и бизнис воден од жени. Но, покрај овие постојни  награди од Комората најавуваат и нови интересни содржини цени за ова издание.

Настанот „ТОП 100“ ќе се одржи на 09.12.2021 година (четврток), во хотел „Double Tree by Hilton“ во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Да се потсетиме, минатата година на 10-то  издание на изборот на најдобри компании на Комората се вброија: „Даути Комерц“ како прво награден. Втората награда ја доби компанијата „Алма-М“.  „Пофикс“ беше трето наградена компанија. Четвртата награда ја понесе „Бас Тути Фрути“ и петтата награда „Киппер“. Компанијата АК-ИНВЕСТ ја освои наградата за најбрзо растечка компанија, Едукативниот центар РЕА ја освои наградата за компанија предводена од жена, а компанијата Кнауф Радика ја освои наградата за компанија со успешно партнерство.