Во Понеделник на 26.02.2024 година, како што информираат од македонска берза на барање на Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај, ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје. Тоа претставува 99,98 проценти од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 278,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“. Ова е трет обид за продажба на Топланата преку аукција. Прво се бараа 982 илјади евра, па потоа очекувањата се симнаа на 600 илјади. Но, никој не ја сакаше, за сега да се нуди за 350 илјади евра.
Наредната недела, исто така од Берзата информираат за јавна берзанска аукција на акции за уште два големи пакети на акции. Имено, во среда и во четврток на 29, на барање на Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции од страна на продавачот Топлификација АД Скопје во стечај ќе се понудат за продажба два пакети акции и тоа:
-Во среда на 28 февруари ќе се понудат за продажба 25 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10 проценти од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715 денари по акција преку моделот „се или ништо“.
-Во четврток пак на 29 февруари ќе се понудат за продажба две обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 0,80 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот „се или ништо“,односно целата понудена количина на акции се продаваат во пакет, преку една трансакција..