Традиционалниот „Liquid“ и „СУ хотел“ од Охрид, први носители на „Чисто и безбедно“- сертификат што го доделува Независната угостителска комора. „Чисто и безбедно“ (Clean & Safe) е национален сертификат и печат што се издава како потврда за стандрдите за верификација на угостителските објекти за грижа за здравјето на гостите и вработените.

„Со Националниот сертификат им се дава до знаење на посетителите дека посетуваат угостителски објекти кои се обврзале да ги почитуваат и спроведуваат сите правила, процедури, препораки и протоколи за работа со кои се обезбедува чист и безбеден престој,“ објаснува Ерхан Су кој заедно со својот брат Ерол се сопственици на „СУ хотел“- првиот носител на овој сертификат во Македонија.

„Чест ми е што сме први носители на овој сертификат и верувам дека нашиот пример ќе го следат и другите угостители во земјава, за да обезбедиме побрзо и безбедно враќање на домашните и странските турсти,“ вели  Су во интервјуто за Анторис магазин.

Охридскиот „СУ хотел“

„Чисто и безбедно“ за побрзо и безбедно враќање на домашните и странските турсти


- СУ Хотел, е првиот угостителски обкјект што доби  Сертификат и печат „COVID-19 SAFE ZONE“ (безбедна зона без ковид19), односно „Чисто и безбедно“ од НУК. Какви стандарди применувате и почитувате за да бидете први носители на  сертификатот, кој што треба да ја прикаже нашата земја како безбедна туристичка дестинација?

-Нашиот хотел уште од самото отворање се стреми да обезбеди за своите гости високи хигиенски и здравствени стандарди, а со почетокот на пандемијата во нашата држава решивме дополнително да ги засилиме овие мерки. За таа цел уште минатата година веднаш набавивме два УВ Гард уреди. Едниот го подаривме на Општата болница во Охрид, а другиот го користиме редовно за дезинфекција на сите простории во хотелот, ресторанот, барот, како и собите пред секое пристигнување на гостите. Дополнително, уште од самиот почеток на здравствената криза воведовме редовни мерки за заштита пред сè на нашите вработени, како и на гостите. Практикуваме при пристигнувањето на сите во хотелот редовно да им се мери телесната температура за да се следи нивната здравствена состојба.

Не подготвуваме и „шведската маса” за време на појадокот за да се избегне мешање на гостите. Исто така воведовме  и мерки како редовно чистење и дезинфицирање на сите простории во хотелот кои се користат од гостите и вработените.

Традиционалниот „Liquid“ и „СУ хотел“ од Охрид, први носители на „Чисто и безбедно“

Чест ни беше што сме првиот угостителски објект во нашата држава кој го доби сертификатот „Чисто и безбедно” од НУК и се надеваме дека и останатите угостителски објекти ќе го следат нашиот пример, со цел да обезбедиме побрзо и безбедно враќање на домашните и странските турсти.

- Дали сметате дека сертификатот „Чисто и безбедно “ со принципите и правилата што ги наметнува ќе ве издели од конкуренцијата и како безбедни ќе ви овозможи да бидете во подобра позиција во престојната сезона ?

-Сметаме дека добивањето на овој сертификат е многу важен за нас, бидејќи гостите им даваат приоритет на хотелите и угостителските објекти каде се чувствуваат сигурно и безбедно во време кога во светот владее здравствена криза. Чест ни е што досега имаме огромна доверба од нашите редовни гости, а се надеваме дека ќе ја стекнеме истата и кај оние кои за прв пат нè посетуваат.

Традиционалниот „Liquid“ и „СУ хотел“ од Охрид, први носители на „Чисто и безбедно“- сертификат што го доделува Независната угостителска комора

Добивањето на сертификатот секако го помага овој процес. Па, верувам дека дополнително ќе им влее чувство на сигурност на гостите дека можат да добијат беспрекорна грижа кога ќе го посетат нашиот хотел. А,тоа е добро не само за нас, туку и за туризмот во Охрид воопшто.

Здравјето на вработените и гостите на прво место


- Зад нас имаме специфична година со многу ограничувања за работа. Меѓутоа вие и во овој период финансиравте. Каква е вашата приказна. Со што се располагате и во кој сегмент се проширувате и надградувате?

Иако зад нас имаме тешка година во поглед на туризмот, сепак пробуваме да се прилагодиме и секогаш да го ставиме здравјето на нашите вработени и гостите на прво место, што гостите го препознаваат и ни ја даваат нивната поддршка.

СУ хотел е дел од Су Холдинг семејството. Нашата приказна започнува во 2001 година, кога на главниот плоштад го отворивме кафе барот „Галерија“. Продолжува со сега веќе надалеку познатите барови „Liquid“ и „Objectif“, во кое се вклучуваат и услугите за обезбедување на храна и пијалоци на Охридскиот Аеродром.

Во поглед на надградбата на услугите, во изминатата година воведовме две нови услуги – “Su Take-Away” и “Su Delivery”, преку кои може да се нарачаат специјалитетите од нашата кујна за носење или со бесплатна достава секаде низ градот. За оваа цел набавивме специјален уред за хигиенско пакување на храната по шведски стандарди.

 

Традиционалниот „Liquid“

- Со оглед на ситуацијата успеавте ли да ги задржите потребните кадри?

Под капата на Су Холдинг имаме неколку угостителски објекти во Охрид, што вклучува над 50 редовно вработени лица. Ние сме можеби единствените кои дури и во периодот кога не беше дозволено работењето на угосителските објекти воопшто изминатата година, не ја намаливме бројката на вработени за ниту еден човек. Вложуваме многу време во нашите вработени, практикуваме обуки. Го цениме секој нивни напор да обезбедат беспрекорна услуга за сите наши гости. Исто така и да се прилагодат на новонастанатите услови за работа, како што е постојано носење на маски, зголемена хигиена, дезинфицирање и слично.

Едноставно се погриживме да ги задржиме сите вработени и покрај исклучително тешката ситуација. Сметаме дека самите вработени и гостите го ценат ова, па дека на долг рок ова е секогаш исправната одлука којашто може да ја донесе еден работодавач, без оглед на тежината на моменталната ситуација.

Кафе Roastery- приказна која трае


- Која е вашата „тајна“, односно со што вие ги привлекувате гостите. По што сте препознатливи ?

Ние сме во угостителскиот бизнис повеќе од 20 години. Во последните три го преточивме целото наше познавање во работата на Су Хотел.

Она што нè издвојува од другите е тоа што ние не нудиме само сместување во Охрид, туку целосно доживување за нашите гости.

Па така, од самото будење во модерно дизајнираните соби со прекрасен поглед на Охридското езеро, преку ексклузивното свежо печено кафе Roastery (кое сами го печеме во Стариот град во Охрид), преку кулинарски специјалитети како нашите уникатни бургери направени по рецепт кој е истражуван со години, уживањето во неверојатниот поглед на нашиот Su Rooftop Restaurant... ние се трудиме на гостите да им понудиме едно целосно искуство преку коешто вистински ќе го доживеат градот.

Исто така, постојано воведуваме новитети во менито, во работењето. Соработка со светски и домашни готвачи, соработка со адреналински тури и слично.


Зголемен интерес на домашните туристи


- Што очекувате од сезоната. Ќе се вратат ли туристите во Охрид. Има ли веќе интерес за летово?

Нашата сезона е веќе започната. Веќе забележивме одличен одѕив на домашните и странските туристи за нашите понуди. Се надеваме дека во текот на летниот период ова само ќе се подобри. Веруваме дека гостите ќе го препознаат трудот кој го вложуваме да им обезбедиме непречено уживање по највисоки безбедносни стандарди. Веќе имаме и странски туристи кои нè посетуваат. А, со стабилизирањето на светската ситуација веруваме дека полека ќе се врати туризмот во полн сјај во Охрид. Исто како што беше и претходните години пред почетокот на кризата.

- Која е вашата визија и што ќе им препорачате на домашните туристи?

Во секое лошо има и добро. Па една од подобрите работи кои излегоа од КОВИД-19 кризата беше зголемениот интерес на домашните туристи да си ја запознаат сопствената држава и нејзините убавини. На домашните туристи им препорачувам да го продолжат овој тренд. Затоа што нашата држава нуди безброј можности за уживање и истражување.

Верувам дека иако Охрид е најголемиот туристички центар кај нас, сепак многу домашни туристи не се запознаени со сите негови приказни, легенди. Не се запознаени со природните убавини на Националниот парк Галичица, скриените сокаци во Стариот Град. Не го дегустирале нашето кафе Roastery кој е првиот домашен бренд за артисан кафе... И токму овие приказни се оние кои сакаме и се трудиме да ги доближиме до македонските туристи.

Традиционалниот „Liquid“ и „СУ хотел“ има идеална локација на самиот брег од Охридското езеро. Сите соби и ресторанот од хотелот нудат неверојатен поглед на историскиот стар дел од градот и на бескрајните синила на водите од Охридското езеро.

М. Балдазарска