Трендот на електрични возила драстично ќе се зголеми во наредните пет години, а давачките за нив би требало да се намалат, е очекувањето на првите луѓе на Еуроимпекс.  Со електричните возила ќе се намалат и штетните гасови. Ќе се подобри еколошката состојба за што се бориме и ние како импортери. Патот е долг, но секако ќе треба да го изодиме заедно.“

 

Еуроимпекс  веќе три децении работи со трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Од мала семејна компанија прерасна во генерален застапник на два светски автомобилски бренда. Компанијата е главен застапник на Peugeot во регионот, а од неодамна и генерален увозник на Opel за Балканот.
За актуелната состојба со автомобилската индустрија и трендот на се поголем замав на електричните автомобили воопшто во Македонија, па и пошироко, првите луѓе на Еуроимпекс, Кирил Воиновски и Даниел Воиновски во интервју за Анторис магазин велат:

-Без разлика дали е период на криза или не, генералниот менаџмент на секоја компанија има обврска и навистина тешка задача, во најмала рака да ги задржи истите услови на делување... Па така донесовме и одлуката за ширење на бизнисот во „период на криза“.

-Генерално, во нашата земја луѓето се уште имаат одредена доза на скептичност во однос на електричните возила. Тоа се должи делумно на недоволната количина на точни информации за електричните возила. А, делумно и на недоволно развиената мрежа на полначи која е во подем и развој.“

 

(фото извор: аутофокус)-Трендот на електрични возила драстично ќе се зголеми во наредните пет години

Доследни кон очекувањата на нашите клиенти


*Г- да Воиновски го ширите бизнисот во период на криза, во период кога во годината зад нас автомобилската индустрија е доста погодена. Како ја помина Еуроимпекс деловната 2020 година и какви се движењата во првата половина на 2021 година?

-Минатата, 2020 година беше преполна со предизвици. Бевме кандидат компанија за Генерален увозник во регионот за брендот Opel. Во тој процес, како конкуренти имавме големи интернационални и силни компании од автоиндустријата. Но, во декември  2020 година одлуката беше донесена. Успеавме и го официјализиравме нашиот статус како Генерален увозник и за брендот Оpel на територија на Македонија, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Сега застапуваме два автомобилски бренда Peugeot и Opel во пет земји.

Во однос на сеопштата состојба, првото полугодие од оваа 2021 година, не се разликува многу од минатата година. Нашата компанија покрај Peugeot и Opel, знаете дека е генерален увозник на уште седум други брендови: -четири брендови на алати - Milwaukee, Bahco, AEG, Irimo; Total масла; Banner акумулатори. Како и концесионер на ловиштето „Ниџе“ во битолскиот регион.

Броиме 80 вработени кои секојдневно вложуваат во „Еуроимпекс“, при тоа не дозволувајќи да паднат бројките под зададените цели.

Сите подеднакво придонесуваме и се бориме против „кризата“, со цел да останеме доследни кон очекувањата на нашите клиенти.

Без разлика дали е период на криза или не, генералниот менаџмент на секоја компанија има обврска и навистина тешка задача, во најмала рака да ги задржи истите услови на делување... Па така е донесена и одлуката за ширење на бизнисот во „период на криза“.

На што може и да додадеме дека таа одлука не е донесена преку ноќ. Станува збор за плански и подолгорочен период на разменување идеи, процена на пазарот, процена на ризикот и тн. Таква одлука се носи по период на темелно планирање. И како што би рекле – „Шоуто мора да продолжи“! Ние им го должиме тоа на нашите клиенти и на нашите вработени.

Peugeot e-208 -достапен за тест возење и на располагање на клиентите


*Колку влијанието на кризата се рефлектираше во резултатите од работењето? И од аспект на продажба и од аспект на достава на количините на новите модели на Пежо и Опел, особено на електричните модели? Кои се најбарани и најпродавани на домашниот пазар?

-И покрај Kовид состојбата која ги погоди сите бизниси и сите индустрии, секако автомобилската е меѓу оние кои се повеќе погодени. Силно се бориме во овој период да располагаме со оптимален лагер на возила и можеме да ги понудиме сите најактуелни модели од двата бренда (Peugeot / Opel).

Изминатите месеци, на европските листи на резултати, Peugeot бележи рекорди на продажба со Peugeot 208, Peugeot e-208, Peugeot 2008 како и редизајнот на Peugeot 3008 и 5008.

Трендот на електрични возила драстично ќе се зголеми

Додека пак Оpel презентираше сосема нова стратегија и внесе круцијални промени во гамата на возила. Па на пазарот до сега беа презентирани рестилизираниот Crossland, новата Оpel Mokka, во очекување сме на новиот Grandland и тн. Сите овие модели предизвикуваат навистина голем интерес.

Електричниот модел, Peugeot e-208, го донесовме на македонскиот пазар, не само како изложбено возило, туку и како регистриран модел, достапен за тест возење и на располагање на клиентите. Со цел да учествуваме во едукацијата на нашиот пазар за електрификацијата на возилата, со надеж дека во иднина ќе придонесеме во намалување на емисијата на штетни гасови и потпомагање на околината како и зголемување на еколошката свест.

Земајќи ја предвид сеопштата состојба, пролонгирања на термините за испорака на возила се случуваат и се директно предизвикани од пролонгирањето на производството. Како импортер, не сме во можност да влијаеме на истото. Но, чиниме сè што е во наша можност да ги амортизираме овие случувања. Од страна на клиентите наидуваме на разбирање, а од наша страна максимално се вложуваме да останеме доследни на високо-квалитетната услуга која ја даваме.
Останавме отворени за нашите клиенти, се приспособивме на новите начини на работа. Внесовме дополнителни безбедносни и санитарни услуги во нашето работење во процесот на продажба и во пост-продажниот процес.

 Работиме на изградба на нов бизнис центар во Скопје


*Што значи за вас тоа што сега ќе ја нудите и гамата на ОПЕЛ. И од кога ќе бидат нивните автомобили достапни во вашите салони во регионот? ( и во однос на количини и во однос на разновидноста на брендот- пак со акцент на најновите модели).


Ние сме особено горди што ја добивме довербата и станавме генерални увозници за брендот Opel во регионот и навистина ни претставува чест да изјавиме дека нема застој во процесот на работење и најновите модели се веќе достапни на нашиот пазар!

Целата гама на Опел можете да ја погледнете кај нас и во нашата дилерска мрежа, во „Аутомакедонија“ во Скопје и „Ауто Цем“ во Тетово.

Трендот на електрични возила драстично ќе се зголеми

Работиме во насока на изградба на нов бизнис центар во Скопје, каде ќе го претставиме нашето застапништво за двата автомобилски брендови.

*Кои се примарните предности кои треба да се потенцираат пред купувачите кога се промовираат моторите со внатрешно согорување, а кои кога се промовираат електричните возила?

-Електричните возила имаат голем број предности за сопственикот. Тие главно можат да се сублимираат и симплифицирано да се искажат по калкулацијата на севкупен трошок од користење на возилото. Чувството при возење, исто така е сосема различно искуство. Одржувањето на електрично возило има сосема друг тек на активности, драстично намалени во однос на одржување на возило со конвенционален мотор.

За да се биде сопственик на електрично возило, потребно е менување на навиките во однос на полнење на возилото, во однос на сервисирање на возилото и тн.
Генерално, во нашата земја луѓето се уште имаат одредена доза на скептичност во однос на електричните возила. Тоа се должи делумно на недоволната количина на точни информации за електричните возила. А, делумно и на недоволно развиената мрежа на полначи која е во подем и развој.

Недоволно субвенционирање на државата за електричните возила


*Какви се Вашите предвидувања во однос на прифаќањето на електрифицираните возила на нашиот пазар? Како реагираат клиентите на електричните и плаг-ин хибридните автомобили?

Доколку прашањето се однесува само на „прифаќање“ на електричните возила, слободно можеме да кажеме дека тие се веќе прифатени на нашиот пазар. Но, доколку под прашањето се мисли и на застапеност т.е. нивно присуство на улиците, тогаш одговорот ќе биде поопширен....

Во однос на електричните возила, реакцијата на клиентите и познавањето од електрификацијата на возилата, гледаме еден интересен тренд. Тренд на пораст на интересот како и пораст на коментарите и залагањата за повеќе електрични возила во регионов. Она што е да речеме најголема „пречка“ или нај коментирана ставка е цената на чинење на возилото наспроти недоволните субвенционирања на државата за истите.

Ние како импортери се бориме за подобра еколошка состојба, за намалување на штетните гасови или сведени на нула со електричните возила, и подобри услови за клиентите при купување на електрично возило. Патот е долг, но секако ќе треба да го изодиме заедно. Очекуваме овој тренд во следните пет години драстично да се зголеми, а давачките за електричните возила да се намалат.

Трендот на електрични возила драстично ќе се зголеми од 2030 година 


*Субвенционирањето на електричните возила е тренд ширум Европа, пред се поради намалување на загаденоста од издувните гасови. Кај нас има соодветни даночни олеснувања. Но, што друго би можеле да направиме за да го забрзаме прифаќањето на овие возила на нашиот пазар?

Во моментов состојбата на нашиот пазар по однос на електрификацијата на возилата е во својата почетна фаза. Затоа и очекуваме промените да се одвиваат поспоро, но не и дека нема да се случат.
Глобалната стратегија на автоиндустријата цели кон целосно електрифицирани гами на возила. Дури и одредени држави како Велика Британија, Норвешка и Франција веќе имаат поставено датуми по кои во нивните земји ќе биде дозволена продажба само на електрични нови автомобили.

По овие регулативи како и регулативата за ограничена дозволена бројка на CO2 (95gr/100km) не се сомневаме во успешноста на електрифицираната стратегија на светско ниво, но и кај нас. Се очекува дека овој тренд ќе дојде и на македонскиот пазар нешто околу 2030-та година. Тогаш очекуваме и кај нас електричните и хибридните возила да земат голем удел.

Она што е пресудно за да имаме остварлива стратегија е зголемување на субвенциите од страна на државата кон крајниот клиeнт. Потоа инвестирање во инфраструктурата и патиштата, најмногу во делот на електрични полначи и нивна достапност. А, исто така и зголемена едукација на граѓаните за еколошката свест. Односно за намалување на штетните гасови како и останатите придобивки од користење на електрично возило.


Стабилноста и доверба за клиентите - приоритет


*Што е зацртано во планот на Еуроимпекс за наредниот период? Што очекувате, каква е перспективата за брендовите што ги застапувате и кај нас и во регионот?

-Со оглед на тоа што моментално живееме во светска здравствена криза и се очекува пад на Светската економија, навистина е неблагодарно да зборуваме за некои конкретни планови...

Но, генерално можам да кажам дека ние како Еуроимпекс застапуваме стабилни брендови. Брендови со традиција, со долговечност, со докажан квалитет.

Знаејќи го ова ние исто така им нудиме на нашите клиенти и стабилност и доверба. А, сите овие елементи очекуваме уште повеќе да ги зајакнеме во иднина.
Не се сомневаме нити во иднината во регионот. До сега успешно стопанисуваме и во другите држави. И не само ние како импортери, туку и целата наша дилерска мрежа со сите свои капацитети. И тие со своите продажни и сервисни услуги придонесуваат во позитивно остварените резултати.
Она што го најавивме и погоре е што во догледна иднина очекуваме да се претставиме со нов бизнис центар. Во кој соодветно - по најновите стандарди, ќе може да ги понудиме автомобилските брендови, а секако и другите брендови на производи кои ги застапуваме.

М. Балдазарска