
Овогодинешниот Скопје виски фестивал е можеби и најбогатото издание на фестивалот со преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, а кои посетителите ќе можат да ги дегустираат во текот на двата фестивалски дена. Освен виски дегустации, на Skopje Whiskey Fest посетителите ќе имаат можност да дегустираат и останати производи кои се комплементарни со овој пијалак.
Предвидени се и останати хедонистички активности, како што е „Сензорната соба“, каде што посетителите ќе можат да ги разбудат сите сетила.
За прв на на Skopje Whiskey Fest ќе има и организирани натпревари за професионалци и публика. Во петок ќе биде натпреварот за бармени, односно натпревар за главните протагонисти на овој фестивал кои стојат зад виски пултовите и ја пренесуваат приказната за виски брендовите. Тие ќе се натпреваруваат во правење на најдобар Whiskey Sour. Во сабота организаторот Боттега Евенти ќе ја вклучи и публиката во забавен виски натпревар – Whiskey Blind Tasting.
Исто така во склоп на фестивалот се организирани и посебни мастер класови кои ќе ги одржат регионални бренд амбасадори на виски брендовите кои за оваа прилика сепцијално допатуваа во Скопје. Меѓу нив и бренд амбасадорот на Jameson за Балканот Gerard Mannion кој на мастер клас ќе ја пренесе магијата на најсаканото виски во светот, како и Anna Metaxas - бренд амбасадор за The Macallan за Источна Европа и Грција.
Организаторот подготви внимателно одбрана музичка програма за петок и сабота. Петок e ден за блуз, а сабота е ден за рок.