Џиновска секвоја во североисточна Англија е прогласена за највисока природна елка во светот според критериумите на Гинисовата книга на рекорди, соопштија менаџерите на имотот Крагсајд, каде што се наоѓа елката.

Џиновската секвоја, висока 44,7 метри, на имотот на Националниот фонд во дворот на селската куќа во Нортамберленд, официјално е прогласена за највисока жива елка во светот, но за да се смета за значаен рекордер, морала да биде украсена со два вида украси.

Поради тоа вработените во фондацијата морале да закачат повеќе од 1.300 светилки и две џиновски виолетови машни.

 Шила Рејсон, маркетинг директорка на фондацијата, рекла дека има голем број потенцијални проблеми што треба да се земат предвид. Тие не можеле да стават украси на елката од секвоја од страв дека украсите ќе се разнесат на ветерот и ќе ги повредат луѓето. Наместо тоа, се одлучиле за две машни.

 „Во еден момент дури и размислувавме за хартиени ѕвезди, но тие не издржаа добро на временските услови.“

Следниот проблем што требаше да се избегне беше сигурноста на светилките. Затоа, пред да се закачат светилките на дрвото, тие мораа да се постават во дворот и да се приклучат на преносни батерии за тестирање.

 „Замислете да ги ставите светилките на дрвото и да откриете дека некои од нив не работат метри и метри над земјата“, додава Рејсон.

Потоа, тројца луѓе поминаа два полни работни дена закачувајќи ги светилките на дрвото, користејќи кранови за да се искачат на врвот. Светлата беа поставени вертикално, околу дрвото, за да се избегне оштетување и во согласност со историската викторијанска практика.

Тимот ја избра оваа конкретна секвоја не затоа што беше највисока на локацијата, туку поради нејзината позиција, бидејќи беше подостапна и имаше убава форма.

Боите на светлата на елката - сина, лилјакова и розова - беа избрани како референца на разиграните балови за слугите коишто  од 1894 година ги организираа основачите на Крегсајд, семејството Армстронг.

Темата беше инспирирана од откривањето на мала „картичка за танцување“ - популарна во тоа време како дел од покана, дел програма и дел список на договорени партнери за секој танц. Картичката за танцување ѝ припаѓала на непозната слугинка и ја користеле нејзините колешки слугинки за да закажат танцување со неа на балот.