Угледната консултантска фирма за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека одлуките за мобилност во Европа и светот во 2030 година ќе бидат многу различни од денешните.

 

Студија „Дестинација 2030 - кој е на возачкото место за иднината на мобилноста? укажува на три трендови на мобилност во годините што доаѓаат:

1. Секое патување ќе стане персонализирано искуство

2. За климатската неутралност нема да се преговара - тоа е животна обврска

3. Возачите ќе претпочитаат да користат услуги наместо да поседуваат возила

Во студијата се наведува дека работата на далечина, енергетските кризи, климатските промени и пореметувањата во синџирите на снабдување суштински го менуваат начинот на движење, како и насоката и темпото на промени, пишува ХАК магазинот.

Дури 87 проценти од учесниците во истражувањето веруваат дека поретко ќе патуваат на работа, а 81 отсто се изјасниле дека значително помалку ќе патуваат службено во однос на 2019 година. Доколку овој тренд продолжи, ќе се одрази и на инвестициите во инфраструктурата.

Зголемените трошоци поврзани со развојот на нова инфраструктура не можат целосно да се пренесат на крајниот корисник. Можеби ќе треба да се измени и законодавството за да се обезбеди соодветна инфраструктура за електрични возила.

Климатска неутралност

Освен тоа, повеќе нема да се дискутира за климатската неутралност, се наведува во студијата, која укажува дека 80 проценти од произведените мотори ќе бидат еколошки до 2030 година.

Паралелно ќе се зголемат инвестициите во инфраструктура за активности како пешачење и возење велосипед.

Половина од учесниците (49 проценти) велат дека се подготвени да се откажат од сопственоста на возила за да го намалат нивното негативно влијание врз животната средина до 2030 година.

Со оглед на тоа што луѓето се повеќе користат услуги како што е споделување на автомобили, наместо да го поседуваат, тие ќе се префрлат на „услуги на барање“. Така, за потрошувачот, услугите и софтверот ќе бидат поважни од самата сопственост на возилото, бидејќи софтверските платформи ќе го оркестрираат целото патување. (Извор: списание ХАК)