Насловот на приказната претставува вовед во низата настани, кои „Старт ап Македонија“ заедно со „Фондацијата Импакт“, поддржани од Рикономи програмата, ќе презентираат основачи на старт - апи, со цел да ги инспирираат фриленсерите да развијат сопствен бизнис.
Првиот од серијата настани се случи неодамна во Јавна соба, каде својата приказна ја раскажаа Димитар Манчев, основач на kenzo.mk, онлајн платформа за недвижности во 3Д визуелизации и Калина Трајаноска, ко-основач на „Концептива“, која им овозможува на големите компании да изведуваат поефикасни интерни обуки преку гемифицираната апликација „Coach“.
Првиот од говорниците, Димитар Манчев, поминал низ акцелераторски програми, Но со два различни старт - апи. Едниот како што вели е на пауза. Другиот, kenzo.mk го претстави претставува онлајн платформа за недвизќности за 3Д визуелизации.

„Работев како експерт за визуелизации на продукти и ентериери. Сите знаеме колку тешко е да комуницираш со клиенти и да им удоволуваш на секое едно побарување што го имаат. Идејата за kenzo.mk почна со работа на проекти за клиенти и ги опфаќа потребите на бизнисите кои се занимваат во таа индустија. Бараат да се визуелизира ентериер и сфатив дека на нив им е тоа многу корисна содржина. Тие успеваат да ја кренат вредноста на ентериерот или самата недвижнина за многу повисока цена со таква визуелизација“, вели Манчев.
Од друга страна, вели дека ја согледале можноста која се отвора со проблемот за недостиг на недвижности во Скопје.
„Не знам колку од вас имаат пробано да бараат стан во Скопје, тоа е еден макотрпен процес низ кој не сакате да минувате. Да „дешифрирате“ опис на корисникот, од која е сликано, дали е тросед или четирисобен стан. Тоа е добра можност за нашите вештини да ги искористиме за решавање на тој проблем. Во која и област да работите, пробајте да ја искористе таа вештина која ја имате за да ја претворите во некој продукт или некој сервис. Сервис во кој нема да зависите и вашето време да го посветувате директно на една работа. Туку да направите продукт или некаква платформа која ќе го реши проблемот на повеќе клиенти одеднаш“, смета Манчев.

Со претворањето на сликите и видеата во 3Д визуелизација, смета дека на клиентите кои бараат да купат стан, изборот ќе им биде многу едноставен. Паралелно, плус предност на kenzo.mk е пребарувањето директно на мапа, со филтри при пребарувањето на дата базата која постои.
Друга говорничка која го презентираше својот старт -ап е Калина Трајаноска со нејзината „Концептива“. Овој македонски старт - ап има за цел да го унапреди пристапот кон учењето и спроведувањето на обуките во кај големите бизниси. За оваа идеја, „Концептива“ доби 100 000 евра ХФактор Акцелераторот на Велс. Но, патот за да се стигне до тука, раскажува Трајаноска, бил поплочен со многу учење, интерес, фриленсинг...

„Во 2009 година, во осмо одделение, ја имав првата можност да започнам со еден вид на фриленсинг, иако во тој момент не знаев што значи тоа. Бев активна на форуми, комуницирав со различни луѓе. Имаше натпрепвар за слоган за новогодишно издание на веб - страница. И успеав да победам. Тоа беа првите 25 долари што самостојно ги заработив и до ден денеска го сметам за настан што ми го сменил животот. Подоцна, на тој начин почнав да ги паралелизирам сите процеси на работа и учење“, се сеќава Трајаноска.
Самоука започнала да учи да дизајнира, се натреварувала на лого натпревари, а подоцна почнала да посериозно да се занимава со графички дизајн.
„По извесно време, имав потреба да работам со тим, да учам од други луѓе, не само од туторијали. Да работам на нешто повеќе од тоа. Во меѓувреме, научив да програмирам. Следниот чекор беше токму тоа - да побарам тим со кој можам да работам. Добивме проекти, сфативме дека имаме идеја за поголеми работи. Отворивме нова компанија и после две години и денеска успеавме. Во следниот период очекуваме многу голем раст со „Концептива“, вели Трајаноска.
Ова се само дел од низата успешни старт -апи кои ќе бидат презентирани во следниот период. Како што велат од „Старт ап Македонија“, нивната цел е фриленсерите да им се приклучат како ко-основачи и членови во тимот на старт-апи. Паралелно, фриленсерите би божеле на овој начин да се информираат како би можеле да се вклучат во некои од тимовите. Или пак, да ја понудат својата услуга за нив.