Ватикан купува земјиште за изградба на дипломатско претставништво, кое би требало да никне во близина на кампот на Фудбалскиот сојуз на местото на стариот аеродром во Подгорица, пишува подгорички Дан.

 

На земјиштето треба да се изгради апостолска нунцијатура, односно дипломатско-конзуларно претставништво. Квадратен метар земјиште, според одлуката за давање претходна согласност на главниот град за отуѓување на недвижен имот, што ја донесе Владата на телефонска седница, се проценува на 304 евра, што значи дека Ватикан ќе плати 7.475.664 евра за 24.591 метри квадратни.

Според информациите на Дан, парцелите се наоѓаат во близина на кампот на Фудбалскиот сојуз на Стариот аеродром, пренесува eKapija.me.

Приказната за дипломатската мисија на Ватикан беше официјално лансирана уште во април 2011 година, кога апостолскиот нунциј на Светата столица во Црна Гора, Алесандро Дерико, испрати писмо со барање до тогашниот градоначалник на Подгорица, Миомир Мугоша, во кое побара, во интерес на поинтензивна соработка, главниот град да обезбеди канцеларија за потребите на амбасадата на Светата столица, чие седиште сега е во Сараево.

Десет години подоцна, во мај 2021 година, тогашниот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ разговараше со апостолскиот нунциј во Црна Гора со седиште во Сараево, Луиџи Пекута. Радуловиќ потоа ја истакна важноста на резидентното претставништво на Светата столица во Црна Гора и изрази подготвеност да ја даде потребната помош за отворање на Папската нунцијатура во Подгорица, со цел  за натамошно зајакнување на односите.

Тогаш Пекуто предложил, да се постигне билатерален договор за отворање на дипломатско претставништво на нивната земја во Подгорица, кое би било под јурисдикција на нунцијот во Сараево.