Вегета, најпознатиот бренд на „Подравка“ и водечки зачин во Европа, стана првиот бренд од Централна и Источна Европа што се рекламира на Нетфликс.

Како што пренесуваат хрватсските медиуми, кампањата што за брендот Вегета ја дизајнирала и имплементирала агенцијата KG Media, за „Подравка “донела врвни резултати и поставила нови стандарди на дигиталното огласување.
За рекламирање на вегета е избран Нетфликс поради статусот на премиум платформата, високата гледаност и околината која потрошувачите ја доживуваат како безбеден и докажан извор на забава и инспирација.
Кампањата се фокусира на германскиот пазар, еден од стратешки најважните за „Подравка“. Како што е наведено во информацијата, кампањата генерирала повеќе од 650.000 впечатоци на германскиот пазар.
Од „Подравка“ посочуваат дека фокусот на маркетинг стратегијата на западноевропските пазари е насочен кон користење иновативни формати и избор на премиум канали кои овозможуваат градење долгорочни и силни односи со потрошувачите.
Со интегрирање на Нетфликс во медиумската стратегија на Подравка, Вегета направи чекор напред во дигиталниот простор, притоа останувајќи верна на своите фундаментални вредности и препознатлив идентитет.
Кампањата покажа дека правилно избраните канали и прецизното таргетирање носат видливост и дополнително ја зајакнуваат емотивната врска со потрошувачите.
Со овој проект КГ Медиа и Подравка ја потврдуваат важноста од инвестирање во проверени канали и партнери. Таквиот пристап обезбедува долгорочен резултат и ја зајакнува позицијата на брендот во дигиталното опкружување кое постојано се менува.