-Глобалните банки ќе укинат 200.000 работни места во следните три до пет години бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) ги презема задачите што моментално ги извршуваат луѓето, покажуваат резултатите од истражувањето на Блумберг. Според анализите на анкетираните банки се потврдува фактот дека тие ќе ја намалат својата работна сила во просек за три отсто.

Foto: Shutterstock.com/Have a nice day Photo

„Сите работни места кои вклучуваат рутински, повторувачки задачи се изложени на ризик“, вели еден од аналитичарите на Bloomberg Intelligence, Томаш Нецел. Според него, вештачката интелигенција нема целосно да ги елиминира гореспоменатите работни места, туку ќе доведе до трансформација на работната сила.

Банките, кои со години ги модернизираа своите ИТ системи за да ги забрзаат процесите и да ги намалат трошоците поради финансиската криза, влегоа во нова ера на алатки за вештачка интелигенција што може дополнително да ја подобри продуктивноста.

Осум од десет испитаници од банкарскиот сектор очекуваат генеративната вештачка интелигенција да ја зголеми продуктивноста и генерирањето приходи за најмалку пет проценти во следните три до пет години, пишува Bloomberg.

Ситибанк во извештајот од јуни објави дека вештачката интелигенција веројатно ќе замени повеќе работни места во банкарската индустрија отколку во кој било друг сектор, додавајќи дека околу 54 отсто од сите банкарски работни места би можеле да бидат автоматизирани.

Многу класични банкарски трансакции, како што се трансферите на пари, сега се вршат преку интернет, а готовината се повлекува и во супермаркетите. Од перспектива на банките, тоа влијае на намалување на бројот на филијали во повеќе европски земји, но доминантна е ваквата состојба во Германија.

Претседателот на Сојузната асоцијација на германски банки (БдБ), Кристијан Шивинг, очекува дополнителен пад на бројот на филијали на банки во Германија во зависност од однесувањето на клиентите.Всушност како сега стојат работите, клиентите првенствено ги посетуваа филијалите доколку сакаа да добијат личен совет.

Извор: Танјуг