Виетнамските електрични автомобили на VinFast влегуваат на европскиот пазар. Официјалното претставување на брендот VinFast EV на саемот за автомобили во ЛА е првиот чекор во стратегијата за проширување на производителот на автомобили. По своето деби во САД, компанијата за оваа година планира да лансира салони во Канада и во Европа. Како една од почетните точки за успех во Европа ја гледаат 10 –годишната гаранција за купените автомобили.  VinFast  на својата страница напишале: „ Правиме електрични автомобили за луѓе за кои напредокот е страст. Оние кои го знаат единствениот начин за справување со климатската криза е да одат напред заедно. Затоа го создадовме VinFast да биде иднината на паметната мобилност“.

Виетнамските електрични автомобили на VinFast влегуваат на европскиот пазар

Водени од ваквата девиза, VinFast  објави дека сака да започне сопствено производство во Германија.

На CES во Лас Вегас, VinFast не само што претстави пет нови електрични кросовери, туку и потврди дека интензивно бара локација за производство во Германија каде што сака да започне сопствено производство од 2025 година.

Нови електрични теренци VF e35 и VF e36


Автомобилската филијала на виетнамски Vingroup, своето големо појавување го имаше на саемот во Лос Анџелес, каде што го претстави новото седиште во Северна Америка, како и два целосно нови електрични теренци VF e35 и VF e36.

Компанијата е горда на новите теренци за кои вели: Ги собравме најдобрите во дизајнот, производството и технологијата за да ги создадеме новите целосно електрични теренци VF e35 и VF e36. Преку усвојувањето на пристапот на дизајнот насочен кон човекот, успеавме нашата напредна технологија да ја ставиме во служба на едноставна цел, да го подобриме животот на луѓето кои ги возат нашите возила и животот на планетата.

И двата теренци се дизајнирани од Pininfarina. VF e35 изгледа конзистентно со официјалните рендери VinFast. Се одликува со стилски јазик наречен „Dynamic Balance“ кој изгледа малку спортски, иако традиционален. VF e36 располага со воздушни завеси во хаубата и предниот крај за да го пренасочи воздухот од областите со голема отпорност, рамните рачки на вратите, стаклото и облогите, како и наведната линија на покривот и заостреното странично стакло. Сите овие карактеристики го прават поаеродинамичен и затоа придонесуваат за продолжен опсег.

За спецификите на овие теренци на веб-страницата на VinFast се наведува опсег до 500 km (310 милји) за VF e35 и 550 km (342 милји) за VF e36. Се вели дека и двата ЕВ имаат 300 kW (402 КС) максимална моќност и 640 Nm (472 lb-ft) максимален вртежен момент.

https://www.youtube.com/watch?v=_YeW664BOqc

Од VinFast наведуваат дека двете ЕВ интегрираат напредни системи за помош на возачот (ADAS), како што се помош во лента, предупредување за судир, следење на возачот, целосно автоматизирано паркирање, повикување возило и други поволности. Тие се исто така опремени со Smart Infotainment, вклучувајќи функции за контрола во автомобилот, како што се гласовен асистент, виртуелен асистент и услуги за е-трговија, меѓу другото.

Иднината на мобилноста во  паметните ЕВ


„VinFast верува дека „Иднината на мобилноста“ ќе биде еден од паметните електрични автомобили кои се високо персонализирани и интегрирани со технологии кои ќе бидат  корисни за животот и нашата животна средина. Овие возила ќе го сторат тоа додека ги исполнуваат безбедносните стандарди и обезбедуваат супериорни и удобно возачки искуства.

Виетнамците порано произведуваа моторни скутери за нивниот домашен пазар, а потоа во 2018 година започнаа со два модели на автомобили: Vinfast Lux A 2.0 и Lux SA 2.0 под водство на поранешните менаџери на GM. И двата модели беа создадени врз основа на платформите на постарите BMW серии- 5. и X5.

Овој производител на автомобили е основан дури во 2017 година и предвидува дека ќе го освои светот во следните неколку години со производствени капацитети во Виетнам, САД и Германија. VinFast на CES потврди дека во иднина ќе се потпира исклучиво на електрични автомобили.

Во Европа, VinFast воспоставува директна онлајн продажба за нови електрични возила, а веројатно и за електрични скутери. Возилата ќе бидат доставувани директно до купувачот, додека кај купувачот ќе доаѓаат и техничари од  сервисот кои ќе се обидат да го решат проблемот на лице место.