На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква поточно од местото викано „Ѓубриште“ до целта на местото викано „Пашаџамина Шума“, викендов, 1ви септември ќе се вози ридско-брзинската трка која е во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА.
На патеката долга 5,3 километри, се очекува да учествуваат возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Полска.
Организатор на трката е Авто-клубот „Перформанс тим“, а формалностите пред и после трката ќе се одржат во кругот на Здружението на возачите на Кочани.
Денес, петок (30.08.2024) е ден за верификација и технички преглед на возилата, што ќе се реализира во периодот од 18:00 до 21:30 часот.
Утре, на 31. 08 .2024, од девет часот ќе започне затворањето на патеката. А, веќе од пладне, во 12 часот ќе следува неофицијален тренинг, а само 30 минути подоцна и официјален
Во недела, на 1. Септември патеката се затвора исто во девет часот.
Официјалниот старт на првата трка е во 12 часот, а 30 минути по завршувањето ќе се вози и втората трка.
По завршувањето на трката следуваат резултати и прогласување на победниците во кругот на Здружението на возачите -Кочани.