Иако многу пати во изминатиов период пишувавме дека винилите се враѓаат во мода, сега е официјално! Продажбата на винили во Америка, за прв пат по триесет години, ја надмина продажбата на компакт-дискови, според полугодишниот извештај на списанието MRC Data и Билборд. 

Забележано е дека зголемувањето на продажбата на винил плочи на американскиот пазар, во споредба со истиот период минатата година, е поголемо, и изнесува 108,2 проценти. Вкупниот број на продадени албуми во дигитални или физички формати исто така се зголеми. На годишно ниво, тоа е 12,6 проценти. Слично е и во Македонија, а и во регионот. Имено, актуелниот албум на Влатко Стефановски – „Тафталиџе Shuffle“ е меѓу најпродаваните винилни остварувања на просторот од Словенија до Македонија, каде приматот најпродавани го имаат четирите изданија кои му припаѓаат на новиот вал – „Пакет Аранжман“, како и деби-албумите на „Хаустор, „Електрични оргазам“ и „Шарло Акробата“.