Информацијата е мала, но мошне важна - Винка Саздова ја стави последната точка во новиот роман за деца и млади со наслов „Ти носам пустински песок“!

- Од мигот кога еден роман е завршен, ликовите излегуваат од него и заживуваат во читателските очи – велат од издавачкиот центар ТРИ, кој оваа неверојатна жена и писателка го има основано, и дополнуваат:

- Додека книгата се печати страница по страница, љубопитните срца на младите читатели треперат во исчекување како зрно песок на ветрот!


Винка неодамна имаше мошне успешна и убава средба со своите читатели, која се одржа во Дебар Маало. Кога би можеле фотографиите да зборуваат, ќе ви раскажеа долги приказни...

„Сретни се со зборовите на Винка Саздова“ беше повод да се почувствува порој од емоции, што предизвика средба со оваа омилена писателка.  Винка Саздова си има посебно место на македонската книжевна сцена и кај публиката, со пет објавени романи и илјадници верни читатели.

Нејзината последна книга „Вилино“, приказна за семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син, е вистински роман-терапија.


- Отворете ги страниците и дознајте како најблиските што се сакале влегуваат во маѓепсаниот круг на повредување на другиот. И како можете да се излезе од него.

Полн со источна мудрост и мистична филозофија, романот на Винка Саздова ги брка стравовите и ја побудува желбата јасно да го слушнете повикот на слободата.