Најважниот македонски вински настан, винскиот салон „Винодонија“, повторно се одржува во истиот термин, на 25 и 26 ноември во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ во Скопје каде ќе ги собере сите вљубеници на овој пијалак познат и како пијалак на боговите.
Можност за дегустација на вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино ќе понуди шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“.
За разлика од првиот скопски вински салон кој се одржа во 2016 во тогаш новоотворениот хотел Мериот, каде што изложуваа околу 30 винарии, на годинешниот, Винодонија 2022, на истото место ќе изложуваат над 60 винарии, а ќе се дегустираат над 450 етикети на вино.
Според организатортите, „Винодонија” стана традиција која ја негува винската страст, промовира добри вина, едуцира и со години ја потврдува и својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.
За двата дена на „Винодонија” ќе се одржат работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија”, „Запознај ја винската Хрватска”, „Основи на спарување на вино и храна” и „Во светот на винските меурчиња”.
„Гостите што за својот викенд – избор на 25 или на 26 ноември ќе ја посетат „Винодонија”, ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна, па во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15 гастрономски брендови од Македонија“, најавуваат организаторите.
И уште еден адут на „Винодонија” кој ќе се одржува е настапот на џез бендот на домашниот реномиран музичар Георги Шаревски.
Секоја карта за овој настан ви овозможува еднодневен влез на салонот (на 25 или на 26 ноември) и дегустација на над 450 етикети од над 60 винарии!
Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добра храна, па во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија.
И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски.