„Витаминка“ АД Прилеп ја зголеми добивката за 54 отсто за три месеци. Остварена добивка по оданочување за првиот квартал од годината е во висина од 12. 453.000 денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена  за 54  проценти.  Остварениот позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех П.И „Витаминка“ АД Прилеп  го објави на електронската платформа на Македонскиот пазар на китапал.

„Витаминка“ АД Прилеп ја зголеми добивката за 54 отсто за три месеци

 

Остварените вкупни приходи во првото тромесечје од 2021 година изнесуваат 714.270.000 денари. Во споредба со остварените за истиот период  во 2020 година бележат пораст од 11 проценти. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност. Тие во споредба со остварените во 2020  година се повисоки за 13 отсто.

Остварените вкупни расходи во првото тромесечје од 2021 година изнесуваат 709.344.000 денари. И тие во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат раст од 20 отсто. Висината на  вкупните расходи е во корелација со работењето во  првото тромесечје од  2021 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 12.453.000 денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена  за 54  отсто.

Во првото тромесечие од 2021 година се преземени соодветни активности  за почитување на мерките за работа  во услови на пандемија. Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност.

Препораките од монетаристите – НБРМ или Централната Европска банка, банките  да се воздржуваат од исплата на дивиденди и зачувување на ликвидноста е јасен сигнал дека е потребна  посебна грижа за готовинскиот тек на друштвото.