ВИВА, најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари, пијалаци, smoothie и преработувач на овошје  ги изложи своите производи на на светски реномираниот саем за храна и пијалаци Gulfood 2024, што се одржува во Дубаи од 19 до 23 февруари, информираат од Стопанска комора на Македонија.

–Практично со учеството на овој реномиран саем за храна и пијалаци, ВИВА ја потврдува својата тридецениска успешна приказна во оваа индустрија на светската сцена.

Под мотото „Вистинска храна, вистински бизнис”, годинешниот Gulfood го привлече вниманието на врвни компании и професионалци од целиот свет. На саемот учествуваат повеќе од 5.500 изложувачи од преку 120 држави.

Оваа година, како што соопштија од Комората, ВИВА се издвојува како сребрен спонзор на настанот. Тоа е огромен успех затоа што за првпат една македонска компанија се стекнува со вакво признание на Gulfood, кој се смета за најпрестижниот и највлијателен саем во секторот на храна и пијалаци на Блискиот Исток, но и глобално.

Саемот претставува можност за презентација на производите на ВИВА, отворајќи врати кон нови деловни соработки и ширење на пазарното присуство на брендот на глобално ниво.

Како единствена македонска компанија која учествува на годинешниот Gulfood, ВИВА прикажува спој на квалитет и иновативност во прехранбената и преработувачката индустрија, рамо до рамо со светските брендови во оваа деловна сфера.

Брендот е препознатлив по успешното претставување на саеми од овој калибар, меѓу кои и саемот Ануга во Келн, Германија, и е синоним за врвен квалитет, доверба и традиција. Компанијата постојано се фокусира на иновации, модернизација на производствените процеси и капацитети, како и развивање на нови категории на производи согласно трендовите во индустријата за сокови и пијалоци, како и за здрава храна.

Учеството на Gulfood 2024 воедно претставува можност за отварање на нови деловни партнерства пред сè на најбрзорастечките пазари на Блискиот Исток, но и на други светски дестинации.

Со ова се отвараат и нови перспективи во работењето на комапнијата, зголемување на производствените капацитети, извозот и етаблирање на брендот ВИВА како најголем македонски производител на светските пазари.