Новиот владин Оперативен план за вработување за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, со која ќе бидат опфатени над 16.000 невработени лица преку активни мерки и услуги за вработување.

 

 

Во рамките на Оперативниот план за вработување се содржат повеќе мерки кои водат до директно вработување или преку обуки во реални работни услови невработените лица да се стекнат со знаења и вештини барани на пазарот на трудот. 
Кај сите мерки за вработување основен предуслов за вклучување во некоја од мерките е невработените лица да бидат евидентирани како активни баратели на работа во центрите за вработување.
Со Оперативниот план за 2025 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Во фокус се ставени најголем дел од  младите до 29 години, за кои се предвидени програми како поддршка за самовработување, практикантство, младински додаток за ангажман во производствени дејности, како и низа други проекти со цел да го спречат одливот на мозоци и работна сила од државата, да останат во земјата и да се зајакне домашната економија.

Практично, младите до 29 години кои ќе сакаат да се самовработат преку формирање на свој бизнис или здружување во друштво со ограничена одговорност, ќе можат да аплицираат за неповратен државен грант, најавија од Владата. За свој старт ап бизнис, младите претприемачи ќе можат да добијат 10 000 евра, а за здружување во ДООЕЛ од 13 000 до 20 000 евра во зависност од бројот на содружници, стои во новиот Оперативен план за вработување.

Освен за младинско самовработување, во овој нов план има мерки и за вработување на 400 нови пожарникари, 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за општински проекти од инфраструктурата и заштитата на животната средина, мерки за лица со атипичен развој а исто така и други категории на мерки како обуки и младински додаток. Од Владата ги повикаа  заинтересираните лица да се запознаат со сите можности на овој нов Оперативен план за вработување.

Дел од мерките во Оперативниот план:

-Поддршка за самовработување која опфаќа 720 лица до 29 години кои се регистрирани како невработени и имаат најмалку завршено основно образование. Помошта е во висина од 615 000 денари за основање бизнис и 3000 денари за трошоци за регистрирање.

- Поддршка за самовработување, здружување во ДОО, кое опфаќа 220 лица. Помошта се движи од 816 000 денари за 2 содружника над 29 години до 1 230 000 денари за 2 содружника до 29 години.

- Проект за практиканство кој опфаќа 1352 млади до 29 години за стекнување практични вештини во разни области.

- Младински додаток  од 3 000 денари за 3500 млади до 23 години кои ќе засноваат работен однос и веќе се вработени во производство.

- Мерка за поддршка на работодавачите, при вработување на млади невработени до 29 години да добијат до 250.000 денари од лице.

Паралелно со младинското вработување, новиот план нуди уште една новина, мерка за вработување на 400 нови пожарникари, 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за општински проекти од инфраструктурата и заштитата на животната средина, мерки за лица со атипичен развој а исто така и други категории на мерки како обуки и младински додаток.

Оперативниот план е сеопфатна стратегија со цел да се намали невработеноста, да има повисока продуктивност и да се зајакне трудовиот систем. Со овој Оперативен план ќе се подобри животната благосостојба со цел граѓаните да имаат поквалитетен живот.

Се очекува во најскоро време да бидат објавени и првите јавни огласи со кои ќе се реализираат мерките од новиот Оперативен план, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план