Во пресрет на 8-ми Септември, денот кога Македонија ја одбележува 30годишнината од својата независност, Влатко Стефановски ќе настапи на Кале. Придружуван од Џијан Емин како диригенд на Симфонискиот оркестар, концертот е закажан за 6-ти септември во 20 часот.

Секој концерт со Влатко е неповторлива можност за вистинско уживање во најпознатите дела на нашиот маестро. Нашите најдобри традиционални македонска композиции, со модерни аранжмани, под ѕвезденото скопско небо – доволна причина да се биде на Кале на 6 септември!

Концертот е во рамки на одбележување на 30 години македонска независност, поддржан од Владата на нашата земја.
Влезниците по цена од 200 денари се во лимитиран број. Истите ќе бидат достапни и онлајн. Концертот ќе се одржи согласно важечките протоколи за организација на настани одобрени од Министерство за здравство.