Пред две децении, охриѓанецот Ерхан Су, заедно со неговиот брат Ерол ја основале компанијата „Су Холдинг“. Работата ја започнале со отворање на кафе барот „Галерија“, во која имало четворица вработени, кои биле вклучени во сите технички фази за тоа како еден објект треба да функционира. 20 години подоцна, развојот на бизнисот вклучува повеќе компании од угосителскиот сектор, кои се наоѓаат под „Су Холдинг“, меѓу кои и хотелот „Су“ во центарот на градот.
„Во однос на вработените, започнавме со четворица вработени, а сега имаме 75 вработени. Главно, го раковидиме јас и брат ми, бидејќи цело време сме на терен во нашите објекти. Секој што има проблеми сме лесно достапни. Секогаш имаат отворена врата. Пред две години, се зголеми бројот на вработени и не можеме да постигнеме да менаџираме во делот на човечките ресурси. Бидејќи, не успеавме да надјеме луѓе. Имавме огласи, но, во Охрид немаше доволно квалификувани, па продолживме да функционираме сами водејќи го тој сегмент“, ја раскажа приказната Су на вебинарот „Раст на бизнисот преку развој на вработените“.
Дводецениско работење низ призма на мотивација на вработените
- Лојалност програма. Таа значи на секој вработен што ќе направи една година од вработувањето и секоја година, добива 10% зголемување на платата во континуитет. Тоа значи дека покажува лојалност кон компанијата и ние сме задоволни од него. Луѓето имаат повисоки плкати од оние што сега би се вработиле.
- Бонус програма. За сите оние што учествуваат во остварување на приходите, како келнери и шанкери. Кај нас работата се мери во часови. Колку часови вработениот ќе сработи, толку ќе биде и исплатен. Бидејќи, има различни луѓе со различни приоритети. Некој сака повеќе слободно време, некој сака повисока плата. Секој различно гледа на работите. 65% од вработените се жени.
- Безкаматни краткорочни кредитирања. Ако луѓето сакаат да инвестираат, имаат лични потреби, им позајмуваме пари. Ги кредитираме и со тек на време ги враќаат од нивната плата.
Вложување во обуки на вработените
Ерхан Су објаснува дека обуката и специјализацијата на вработените е од различни сектори. И тоа во главно, се случува во две насоки. Или вработените се носат во странство или пак доаѓаат професионалци во својата област да држат обуки во Охрид.
„Вршевме обуки, донесовме мишелин стар кувар кој остана тука и го обучуваше куварите. Во однос на хотелиерството, беа донесени сениори кои имаат 40 години искуство во најпознатите хотели од светот. Беа пристутни еден месец во нашата компанија, каде го пренесоа знаењето. Мора да го увеземе од надвор. Многу е тешко во моментот во нашата струка да најдеме некој поголем професионалец од ние што сме, за да се движиме и ние нагоре. Од друга страна, имавме обуки на вработените во Милано, Израел... Цело време се вложува. Како најголем проблем ни се човечките ресурси“, потенцира Су.
Тргни - застани во време на неизвесност
Веќе два месеца, како што вели Су, течат огласите за вработување на келнери, шанкери и административен работник. Наведува дека разликата во пријавите е голема. На огласите за работници се пријавиле луѓе што се бројат на една рака, додека за сметководство примиле дури 35 апликации.
„Многу е тешко да се најдат работници. Иако со кризата, дојде до обратен момент, односно стабилизирање во однос на вработување. Бидејќи, сите млади кои излегуаат да работат на лето надвор од државата, останаа тука. Но, допрва ќе стане полошо. Следната година кога ќе се отворат границите, ќе заминат. Дополнително, во изминатиот период, беше предизвик да се дадат плати за вработените, да ги заштитиме и на некој начин да се вратиме во игра кога ќе дојде времето“, смета Су, осврнувајќи се на моменталната состојба со корона-кризата во земјава.
http://antoris.mk/tradicionalniot-liquid-i-su-hotel-od-ohridprvi-nositeli-na-cisto-i-bezbedno/