Блаж Маротов, по две години работа, среќа најде во својот најнов албум!

- Среќен сум и задоволство ми е да го објавам излегувањето на мојот албум „Среќа барам“ со песните кои се работеа скоро две години 0и на мое задоволатво ќе се презентираат на промоцијата закажана на 12. Август – вели познатиот македонски музичар и бас-гитарист Благој - Блаж Маротов.

По летните хитови, кои тој и ги подари минатото и ова лето на својата повеќе децениска публика, но и на новите обожавателки и обожаватели, Маротов го објавува своето соло цеде „Среќа барам“, со актуелните забавни хитови. Во нив ќе најдете без исклучок седум нежни џентлменски песни, во кои провејува љубовта како главна тема, медитеранскиот, но и латино дух и пред се духот на македонскиот шлагер и евергрин, на кој овој мултиталентиран уметник е посветен целиот свој живот, преку своите инструменти и својот глас. Да не заборавиме, Блаж Маротов е еден од ретките уметници од овие простори кои ја имаа честа да работат со големиот Горан Бреговиќ. Неговите контрабасиските бравури и по 40 години ежат, слушајќи ги на албумот „Успаванка за Радмилу М.“ на „Бијело дугме“, кој беше снимен во Скопје. 

Се она што Маротов како музичар изведувал, и што како професор по музика  го има стекнато како знаење и искуство во својата богата кариера во изминативе децении, овој пат  посветено го внесе во најновите мелодии, кои беа хитови кои го одбележаа минатото а и ова лето. 

Песната „Роман за нас“ минатата година беше многу слушана, а во чекор ја следеше и латино песната „Бенг, бенг“.

- Неговите мелодии, во кои на сите инструменти ги точи нотите отсвирени како капки во бистра вода, се лесно прифатливи и му даваат силен печат на целокупната досегашна богата музичка кариера, во земјава и низ регионот. И се вовед во еден уште поголем и позначаен проект со етно мотив, кој ќе ни го претстави наскоро – стои во дописот кој ни го испрати неговиот пи-ар тим.