Вниманието кон човечките ресурси-причина повеќе да се биде во ИТ -индустријата. Компанијата „Аксапта Мастерс“, која придава особено внимание кон човечките ресурси, е само пример зошто повеќе ја посакуваме информатичката (ИТ) - индустрија.

Вниманието кон човечките ресурси-причина повеќе да се биде во ИТ -индустријата

ИТ индустријата во ниеден момент не падна, како што паднаа многу индустриски гранки во време на корона кризата. И пред тоа ИТ секторот беше најпоскауваната „дестинација“ за вработување, веднаш по државната ладовина. Но, да се влезе во таа индустрија, која е добро платена, треба да се вложи голем труд, да се има солидно образование,  но и други човечки квалитети, вели Биљана Талевска, психолог, во моментов специјалист за човечки ресурси и регрутација во „Аксапта Мастерс – една од водечките ИТ-компании во земјава и во регионот, специјализирани за работа со ЕРП – решенијата на светскиот гигант, Микрософт.


  • Иако пред повеќе децении беше познат трендот кога психолозите ја наоѓаа својата улога во индустриите, се чувствува дека повторно се враќа таа практика на голема врата. Дали експанзијата на ИТ индустријата и потребата од кадар го направи своето и како играат психолозите повторно клучна улога во индустриското, или сега компаниско работење?


-Психологијата како наука има широко-применливо поле, особено што сите сме субјекти и секоја работа што бара работа со луѓе, особено кога е неопходно тие да работат самостојно, а тимски, дозволува психолозите да настапат на сцена, па и да ја креираат.
Навистина, живееме во време во кое, не само информатичарите се ИТ индустрија и не е ИТ-индустријата само гранка и дел од светот, интересно, светот стана поле и дел од Информацитичките технологии. Со тоа и секоја гранка на дигиталното функционирање, што е во насока на олеснување на нашето живеење, станува дел од ИТ-светот и секој од нас што работи на проект од идеја до нејзино остварување, па до користење, е дел од тој ИТ-свет.

Мистификацијата креира бариери кога правиме поделби на ИТ-индустрија и други индустрии и според мене е малку неблагодарна. Но класификацијата настанува кога правиме разлика меѓу нејзините креатори и сите што имаат корист од идеи, до производи, како олеснувачи на работните процеси на секоја индустрија, корисник на ИТ-услуги.
Едноставно, ИТ професионалците се тие што го прават овој свет полесен за живеење и ги прават процесите во една индустрија поефикасни за користење. Но, за да ги увидат тие потреби и да ги материјализираат, потребни се профили од секакви професии, не занемарувјќи го секторот за „човечки ресурси“ без кој, било која индустрија тешко би се справувала.
Со брзиот раст на ИТ компаниите, особено во регионот и  секаде низ светот, психолозите се соочија со нов тип  применливост на своите вештини.  Особено употребувајќи ги алатките за селекција и класифијација за личносна, проценка на кадарот во интерес на креирање мултидисциплинарни успешни тимови што ќе функционираат заедно, но и независно едни од други.

 

Регрутацијата како гранка се наметна природно како дел од секторот за човечки ресурси, кој пред децении се состоел главно во пасивна селекција на кадарот.
Во моментот е една од најдинамичните професии како клучен фактор кога компанијата ќе одлучи да прави значитечно проширување на тимовите, за точно барани професионалци.

Но, кога сте дел од компанија за која регрутирате, истовремено сте и психолог што ги применува и другите  знаења и вештини што помагаат во подобра перцепција и разбирање на потребите на вработените со цел зголемување на задоволството на работното место,  истовремено и професионалец што учествува во креирање на внатрешната политика за поттикнување на човечкиот раст и развој во однос на личните вештини, независно од техничките.

Главен мотив за избор на ИТ како професија



  • Според растот на вработени што „Аксапта Мастерс го бележи, особено во текот на минатата година и реалното, секојдневно искуство што го имате како некој што е главна призма низ која поминуваат голем дел од кандидатите за вработување во компанијата, со тоа и ИТ индустријата, може ли да се извлече заклучок за главниот мотив поради кој младите кај нас се почесто решаваат да станат ИТ професионалци.


- Според увидот што имав можност да го стекнам како специјалист во регрутацијата во „Аксапта Мастерс“ изминатите неколку години, па и претходно, како регрутер на ИТ – пазарот, назависно од компаниите клиенти и типот на индустрија и проекти за кои селектирав професионалци, генерално би зборувала за повеќе нивоа на мотиви.
Велам нивоа, зашто кај професионалците што имаат можност да се дел од еден високо-динамичен и компетитивен свет што се бори рамо до рамо со успешните компании и светски индустрии, мотивите што растат со нивниот сениоритет се градат и надополнуваат еден на друг, исто како и личните особини на професионалците во било која друга професија.
Но, главна разлика кај вработените овде се условите за работа и придобивките што следуваат со работното место како основи за кои борбата и нивното издејствување ги прави самата компанија во сооднос со компетитивноста на пазарот. Тоа е разликата од условите во останатите индустрии, сектори или професии кои се оставени под заштита на државата и вработените немаат голем избор освен да работат на себе и да очекуваат награда за постигнатото.  Односно да се надеваат на нечиј увид и објективност, што за жал на долгорочна база ги демотивира и деградира амбициозните профили.

Вниманието кон човечките ресурси-причина повеќе да се биде во ИТ -индустријата

И кога веќе одличните, веќе понудени услови, конкретно во ИТ-секторот, се најчесто мотив за кој може да се потврди кај младите ИТ студенти, што се’ помасовно се одлучуваат за овие професии поради понатамошната удобност, мотивот кај професионалците од другите гранки да се пренасочат, преквалификуваат, доедуцираат, па дури и да променат работна средина, што веќе им е добро позната и удобна, се движии од проекција на обезбедување стабилно и долгорочно вработување, па се до професионален предизвик и ставање себе си на тест за успех пред светски признатите стандарди и со тоа отворање на можностите за посакувана работа надовор од границите на матичната земја.

За мотивите на долгорочно и секојдневно функционирање и успешност во овој свет, би зборувала како за скалило позиционирано највисоко на пирамидата што еден ИТ-професионалец го прави. Тоа што е човек активно фокусиран на кариерниот развој со одлука секојдневно да се доедуцира во континуитет, притоа на најефикасен начин да ги решава проблемите со кои компаниите-клиенти се соочуваат секој ден, што само по себе го прави се’ повеќе перцептивен и респонсивен, владеејќи ги сите околни фактори со висока свесност за тежината на сите нивоа на комуникација и ризици. И самиот склоп на внатрешни, мотивациони сили на крај како врв на скалилото станува мотив сам за себе, со што би се согласиле дека и професионалец во било кое друго поле го поседува како инстинкт и се бори постојано да го совладува.

Секој да го работи она што навистина го сака



  • Како дел од секторот за човеки ресурси во компанија, која успешно се справи во време на пандемијата, што сметате дека им е најзначајно на вработените, освен можноста да работат флексибилно во однос на локацијата?


-За вработените во овој сектор не е новост можноста за работа од дома, ниту пак флексибилноста на работното време или работната средина. Фактот што клиентите-компании се лоцирани низ целиот свет, дава можност за остварување на работните задачи непречено од било која локација, истовремено и непречена комуникација со тимот и сите останати сектори.

Вниманието кон човечките ресурси, без оглед дали вработените ги користат канцелариите на компанијата или своите прилагодени канцеларии, најважно е во време кога тоа го прават да ја имаат поддршката од своите тимски играчи. Колегите од кои главно добиваат разбирање, помош и консултации и секако достапноста на сите останати човечки фактори во една компанија кои работат со иста цел – заеднички успех.

Разбирањето и довербата кои се даваат и се добиваат од вработените, истовремено и постојано се надградуваат се можеби најважните фактори за успех во ова време. Способноста да се прилагодиме едни на други, свесни дека сите ние сме само луѓе и секој од нас има свои борби со кои понекогаш полесно, но некогаш и не така добро се носи, не’ прави успешни без оглед со каква професија се занимаваме во тој момент.

 


  • Што би можеле да им посоветувате на кадрите кои имаат желба своето место да го пронајдат во ИТ компаниите, а не доаѓаат од таа едукативна средина?


-Колку повеќе го одговараме ова прашање, секогаш неговата смисла се поедноставува и доаѓаме до примарниот момент на првичната желба и мотив за одредена професија. Трендовите се наметнати од луѓето, од нивните желби, од моќта на нивните желби и сите акции кои се преземаат за да се остварат. А кога луѓето создаваат со желба – создаваат убави работи што ги мотивираат за натамошни акции, идеи и дополнителни остварувања. Светот би бил прекрасно место за живеење кога секој би го работел тоа што навистина го сака, тоа за кое има увид и потенцијал. За се останато треба енергија и време.

ИТ- компаниите се создадени од креативци што верувале во своите или во решенијата на кои работат секојдневно. Советувам секој да се обиде да го работи тоа за кое смета дека е способен или дека има капацитет да се оспособи.

Бране Стефановски