Во блок 51 на Нови Белград, почна изградба на гробишта за домашни миленици. Работите чинат 130 милиони динари и се предвидени да бидат завршени за шест месеци.

Гробиштата за Миленичињата се протегаат на 15.376 квадратни метри, а ќе имамат административна зграда, ветеринарна амбуланта, место за погреб на околу 2.000 миленичиња, крематориум за анимален отпад.

Во Белград има неколку стотици илјади миленичиња и изградбата на гробишта за миленичиња е цивилизациски исчекор.

- Овој проект сигурно не е најголем, но е крајно цивилизациски и е од голема важност за Белград – сметаат градските власти.

Ова ќе бидат првите вечни почивалишта во Србија, каде се планира отварање на уште неколку.