
Овој вторник (20 април), точно на пладне Центар за култура "Ацо Шопов" од Штип организира интересен онлајн настан – „Во чест на поетот“.
Манифестацијата „Во чест на поетот“, со изменета содржина се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов.
Манифестацијата НУЦК „Ацо Шопов“ од пред неколку години одлучи да доделува Признание на институции и поединци кои дале свој придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов.
Годинава добитници на признанието се: издавачката куќа „Матица“ и поетот, литературен критичар и антологичар Раде Силјан.
Во програмата предвидена за денес е литературно читање на стихови од Ацо Шопов од страна на актерите од Народниот театар Штип: Ангелка Нашкова, Милорад Ангелов и Марија Минчева, доделување на признание, и музичкиот дел, во кој музичари ќе изведат песни со стихови од Ацо Шопов од проектот „Младите пеат за Шопов“.